wrapper

Флеш вести

Бројот на поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од ден во ден расте, како во нашата држава, така пораки за поддршка стигнуваат и од нашинците кои живеат низ светот. Во Сиднеј се одржа најгоемиот протест надвор од нашата земја. Мирниот протест беше организиран од Светскиот македонски конгрес за Австралија, Македонското културно уметничко друштво Илинден од Рогдаел и други волонтери.

Од Северна Кореја вчера ѝ се заканија на Австралија со нуклеарен удар, соопштува телевизијата Sky News, цитирана од новинската агенција “Фокус”.Причина за тоа станаа зборовите на австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп која изјави дека Пјонгјанг може да стане предмет на понатамошни санкции од страна на Канбера.

Австралија ги заострува критериумите за добивање државјанство. Подобро познавање на англискиот јазик, подолг престој во земјата и доказ за интеграција, како што е работен ангажман, се дел од заострените мерки кои оваа земја има намера да ги воведе, соопшти австралискиот премиер Малколм Тербнул.

Селското друштво Село Црнобуки - Мелбурн на 13 мај годинава ќе го одржи 44-тиот по ред бал по повод селската слава Свети Атанас.

На епархиското собрание на Австралиско сиднејската епархија, одржано на 11. 07. 2017 во Мелбурн се донесе одлика да се формира "Епархиски Просветен Одбор" (ЕЦСО) кој ќе се грижи за просветата и издавачката дејност во Епархијата. Идејата потекна од насушната потреба на нашиот народ за духовно пресветлување и познавање со нашата вера.

Понеделник, 20 Март 2017 20:19

ОСУДЕНА БЛОГЕРКА ОД АВСТРАЛИЈА

Бела Гибсон, 25-годишна блогерка од Австралија, судот ја прогласил за виновна поради доведување на јавноста во заблуда, бидејќи лажно пишувала дека заболела од рак на мозок и дека се излекувала со природни лекови.

 

Австралиските власти денес предупредиле на опасноста од употребата на уреди на литиумски батерии на летовите, по инцидентот во кој на една патничка ѝ се запалиле слушалките.

На неделниве парламентарни избори во Западна Австралија, македонската снаа Џесика Стојковска, сопруга на Македонецот Сиљан Стојковски, стана пратеник од Лабуристичката партија од изборната единица Кингсли во Перт. 

Британската дива Адел го прекина накусо својот концерт во Сиднеј, откако една обожавателка падна во несвест, по што беше префрлена во болница, од каде потоа соопштија дека станува збор за срцев удар.

 

Работата е Господ да чува и брани опрости им' Господе незнаат што прават и ваму и таму, и во Македонија, и во Австралија.

Страница 1 од 20