wrapper

Флеш вести

Петок, 17 Февруари 2017 21:07

Видео: пајак уловил отровна змија во Австралија

Вработените во една автомобилска компанија во Австралија биле сведоци на несекојдневна сцена во нивниот магацин. Тие снимиле голем црвеногрб пајак како уловува и усмртува кафена змија што се заплеткала во неговата мрежа. Видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Настанот се случил во градот Кобрам, а го снимил Брентон Мар, вработен во Норт Вик Енџинс. На видеото се гледа како пајакот полека и се приближува на змијата додека таа се обидува со сите сили да се ослободи од мрежата. Тој успева да стигне до неа и да и вбризга отров, па и покрај силната борба, змијата престана да се движи по неколку секунди.

Црвеногрбиот пајак е карактеристичен за Австралија. Иако не е голем по раст (женките имаат тело од околу еден сантиметар, мажјаците се до трипати помали), тој има многу силен отров што го вбризгува во жртвите преку двата заба. Австралиската кафена змија, пак, се смета за втора најотровна копнена змија во светот. Расте од еден до два метра, а пајакот успеал да улови помлада единка од овој вид.