wrapper

Флеш вести

Вторник, 14 Март 2017 20:50

(Видео) ЕЧЕШЕ МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА: „Лавовите“ од Престон го елиминираа грчкиот Клифтон Хил во Купот на Австралија

Екипата на Престон со 3:2 го победи Клифтон, а играчите знаеја како да го прослават триумфот

Престон Лионс е клубот кој ги брани македонските бои во австралискиот фудбал. Тимот на македонските иселеници од градот Престон имаше голем предизвик во Купот на Австралија. За противник го имаа Клифтон Хил. 

Тоа е екипа во која главниот збор го имаат грчките иселеници. Затоа и овој меч беше како дерби дуел меѓу македонските и грчките иселенци во Австралија. На теренот по 90 минути немаше победник, откако мечот заврши 2:2, а во дополнителните 30 минути. Престон даде гол за победа од 3:2 и голема радост во таборот кај сите „лавови“.

По мечот, во соблекувалната, клубот на македонските иселеници знаеше како да го прослави големиот триумф. Македонија, Македонија ечеше во соблекувалната. 

 

 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на