wrapper

Флеш вести

Четврток, 16 Март 2017 21:58

ДРАМА ВО АВИОН ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТОТ ЗА МЕЛБУРН

Австралиските власти денес предупредиле на опасноста од употребата на уреди на литиумски батерии на летовите, по инцидентот во кој на една патничка ѝ се запалиле слушалките.

Патничката спиела на летот од Пекинг до Мелбурн на 19. февруари, кога ја разбудил звук на експлозија. Таа ги зграбила своите слушалки и видела искри, дека се запалиле и почнале да се топат.

.

"Сакав да се свртам и почувствував како ми гори лицето. Се фатив за лице и слушалките ми се најдоа околу врат. И натаму гореа и ја ги фрлив на земја, а од нив излегуваше пламен", рекла таа во изјавата за "Австралиското биро за безбедност во сообраќајот", кое ја води истрагата за тој случај.

Кабинскиот персонал дотрчал да ѝ помогне и ги полил слушалките со вода, но дотогаш батериите и околната заштита се стопиле и за залепиле за подот.

На снимките се гледа дека вратот и лицето на патничката се зацрнети од горењето, а има и повреди на рацете.

Австралиското биро соопштило дека во преостанатиот дел од летото патниците морале да го трпат мирисот на истопената пластика, запалената електроника и коса.

Бирото не ја соопштило компанијата за која станува збор, и оценило дека инцидентот го предизвикале литиумските батерии.

Бирото објавило список на упатства за безбедно патување со такви батерии, со предупредување дека расте можноста за инциденти на летови како што се зголемува бројот на производи кои ја користат таа батерија.

Повеќето авио-компаниио минатата година забраниле употреба на телефонот "Samsung Galaxy Note 7" на летовите, поради батеријата која може да експлодира.

Батериите предизвикуваат прегревање на некои паметни телефони, поради што тие се палат и топат. Јужнокорејската компанија била принудена да ги повлече тие телефони на светско ниво.  

 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на