wrapper

Флеш вести

Недела, 09 Април 2017 06:19

Со благослов на Неговото Високопресвештенство г. Тимотеј е изградена официјална веб страница на Епархијата – http://mpcaus.org

На епархиското собрание на Австралиско сиднејската епархија, одржано на 11. 07. 2017 во Мелбурн се донесе одлика да се формира "Епархиски Просветен Одбор" (ЕЦСО) кој ќе се грижи за просветата и издавачката дејност во Епархијата. Идејата потекна од насушната потреба на нашиот народ за духовно пресветлување и познавање со нашата вера.



По тој повод ЕЦСО се зафати со работа на неколку проекти од кои некои веќе се реализирани, а некои ќе се реализираат во блиска иднина.

Црквата од секогаш била современа и актуелна се со цел да биде поблиска и подостапна до народот ги користела современите технички придобивки во своето време, кое во денешно време е интернетот. Сметајки дека учеството на Црквата во социјалните мрежи е од корист на луѓето, а пред се на младите, ЕЦСО на Австралиско-сиднејската епархија отвори своја Фејсбук страница, твитер и инстаграм профил и Јутуб канал.

Исто така еден од веќе реализираните интернет проекти на овој одбор е и електронскиот билтен "Преображение" кој што оди еднаш неделно. Исто така остануваат уште многу пријатни изненадувања за во иднина, кои со Божји благослов, би требало да се реализираат во свое време.

Со најголема радост и особена чест сакаме да ве известиме дека со благослов на надлежниот архиереј на Австралиско - сиднејската епархија, г. Тимотеј, на овој убав, благ ден сакаме да ви ја презентираме нашата официјална веб страница: www.mpcaus.org . Искрено се надеваме дека ќе ви се допадне нашата веб страница, која е сеуште во дозградба, но заради потребата од актуелноста на овие празнични денови се одлучивме да ја објавиме на интернет етерот.

На овој ден Архангелот Гаврил и ја открил благата-добрата вест на Пречистата дека ќе зачне преку Светиот Дух и во својата утроба ќе го роди Спасителот на светот. Овој ден е почетокот на спасението на човештвото. Овој ден Бог му се понуди на човекот и преку Пресветата повторно, Бог беше прифатен од човештвото. На овој ден Бог и човекот направија Нов завет за нов почеток и нова ера во човештвото.

И Како една симболика, поврзаност, а и континуитет, на овој ист празничен ден Бог повторно,на некој начин, му се нуди, сега, на нашиот македонски човек во Австралија, преку овој наш мал труд, како нов нов завет, нов почеток и нова ера во спасението на нашиот човек на овие простори.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на