wrapper

Флеш вести

Понеделник, 24 Април 2017 20:51

Северна Кореја вчера ѝ се закани на Австралија со нуклеарен удар

Од Северна Кореја вчера ѝ се заканија на Австралија со нуклеарен удар, соопштува телевизијата Sky News, цитирана од новинската агенција “Фокус”.Причина за тоа станаа зборовите на австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп која изјави дека Пјонгјанг може да стане предмет на понатамошни санкции од страна на Канбера.

 

.

“Ако Австралија продолжува да ги следи американските потези за изолирање и задушување на Северна Кореја (Корејската народно-демократска република), тоа ќе биде самоубиствен чин, со кој ќе падне во опсегот на нуклеарниот удар на стратешките сили на Северна Кореја “, изјавија од Пјонгјанг .

 

Локално потсетува дека во моментов администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги расчисти меѓународните води, откако испрати збунувачки пораки поврзани со локацијата на групата бродови. За неа последно минатата недела се претпоставуваше дека патува кон Северна Кореја.

Во моментов кон Јапонското Море патува огромниот авион “Карл Винсон”. Во меѓувреме севернокорејското МНР соопшти дека земјата е мирољубива, но за заштита од заканите од страна на САД е подготвена да прибегне кон драстични мерки.

 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на