wrapper

Флеш вести

Македонското Младинско Културно Уметничко Друштво “Никола Карев“ оргнизира игранка на 1ви Октомври (Сабота) во Социјалниот клуб Престон Макдонија, Резервор со почеток во 7 часот навечер. Цената на влезниците е $ 15 за возрасни а за деца е бесплатно.

Во прекрасна организација на општината Рокдејл и градоначалникот Бил Саравиновски, на прославата присуствуваа огромен број Македонци.

Македонците од Австралија најавуваат нова мобилизација за менување на политиката на австралиската влада на сегрегација, институционална дискриминација и делегитимизирање на Република Македонија и Македонците. Скандалот со откривањето на финансирање на австралиските политичари и партии од страна на странски влади и интересни групи, според Андреевски покажал со каква тактика се служи грчката дијаспора и смета дека тоа може да влијае на менување на позициите на австралиската влада.

Македонците од Австралија најавуваат нова мобилизација за менување на политиката на австралиската влада на сегрегација, институционална дискриминација и делегитимизирање на Република Македонија и Македонците.

Досегашното лобирање на австралиските Македонци за признавање на Република Македонија под уставното име од страна на австралиската влада не вродија со плод.

Оттаму со завршувањето на парламентарните избори и победата на партијата на Малколм Турнбол веќе се остварени средби со Премиерот и останатите влијателни политичари кои ќе бидат меѓу целите на новата кампања.

,,Ќе го поканиме целиот македонски народ во Австралија да стапи во контакт со нивните федерални претставници, сенатори и претставници во федералната влада и да бара измена на оваа неправедна политика. Исто така да стапиме во контакт и со медиумите во Австралија, со универзитети, со научни институции, и со други граѓански организации во Австралија, цркви и други организации што се заинтересирани за човекови права за да се направи навистина една многу потребна измена на политиката на Австралија спрема Македонија'', изјави за Сител Ордан Андреевски, директор на ОМД за Австралија.

Скандалот со откривањето на финансирање на австралиските политичари и партии од страна на странски влади и интересни групи, според Андреевски покажал со каква тактика се служи грчката дијаспора и смета дека тоа може да влијае на менување на позициите на австралиската влада.

,,Исто така во овој контекст мора да се спомне дека Грците во последните 20 години имаат доста дадено за Австралија да ја задржи оваа политика на дискириминација против Македонија. И сега е добро време да се мобилизира нашата заедница овде во Австралија да преземе акција и да се промени оваа ситуација, бидејќи на овој начин Грците што правеле досега правеле, ама тоа е пропадната работа и пропадната политика за Австралија и Австралијанците на највисоко ниво сфакаат дека навистина ова не е одржливо'', смета Андреевски.

Според Андреевски, одбележувањето на јубилејот 25 годни независна Република Македонија е одличен повод за почеток на нова австралиска надворешна политика и ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји. (В.Н.)

 

Без разлика каде патувате во светот, туристички или деловно, секогаш сакате да знаете каков е градот кој ќе го посетите. Критериумите се бројни: цената на сметувањето, пијалоците, храната, квалитетот на сместувањето, чистината, климата, градскиот превоз.

Амбасадата на Република Македонија во Австралија и Генералниот конзулат во Мелбурн ја информираат македонската јавност дека во добротворната акција за прибирање хуманитарна помош за семејствата од поплавените региони во Македонија, се собрани финансиски средства во висина од 137.000 австралиски долари . Оваа сума не е конечна и истата ќе се зголеми имајќи в предвид дека до крајот на септември се закажани уште три донаторски настани.

Стефани Радевска една од најубавите маникенки кое беше лицето на плажата Тропикана во Охрид во новиот спот на Иван Радевски.

Понеделник, 29 Август 2016 18:33

Мелбурн - Хуманитарна коктел забава

 

Македонско-австралиската организација на заедницата (MACO) ги известува сите друштва, организации, здруженија, бизнисмени и поединци дека на 4 септември во недела со почеток во 16 часот  попладне во Seldon Reception организира хуманитарна коктел партија за собирање на парични донации за настраданите од поплавите во Македнија.

Владиката Петар расчини клирик што не е под негова надлежност. Црковниот проблем во Австралија продолжува. Моментално се уште трае судирот помеѓу Владиката Петар и Монахот Отец Гаврил.

Во Австралија поединечно повеќе друштва и хуманитарни оргинзации најавија акција за помош на настраданите од поплавите во Македонија.

Австралиската полиција за „Мета“ потврди дека минатата недела во Мелбурн го уапсила и го испрашала надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, владиката Петар, во рамки на истрага за кражба и за лажно сведочење.

Страница 4 од 20

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на