wrapper

Флеш вести

Веб порталот Фаланга од Австралија во екслузивна вест денес објави дека е уапсен Владиката Петар.

Македонецот од Мелбурн, Пеце Наумовски го освои (AKF) Австралиското национално карате првенство за 2016 година. Оваа година се покажа како особено успешна за Пеце Наумовски кој успеа да ги освои сите квалификациски карате турнири освојувајќи златен медал на Викторискиот карате шампионат во март годинава.

Во петок, на 19 август, Во Гранд Нерет Рецепција со почеток во 19 часот ќе се одржи хуманитарна вечер за поплавените во Македонија.

КУД Александар III Македонски ги информира и ги замолува сите Македонци кои се чуствуваат како хумани и ја споделуваат болката со настраданите од невремето што ја зафати Македонија да дојдат оваа недела (14/8/2016) во црковната сала при црквата Света Злата Мегленска од Hoppers Crossing и сите заедно да донираме онолку колку што можеме.

Почитувани,

Веќе неколку дена следам како се прави погрешно толкување и класична злоупотреба на еден мој пост. Информацијата беше во контекст на првите неколку часа од отварањето на сметката и никако не треба да се толкува тенденциозно во моменти кога сите треба посветено да работиме да им помогнеме на настраданите од поплавите во Македонија.

По потекло од Охрид а долги години во Мелбурн, Австралија,  кој живее за и со македонската песна расположува и весели низ цела Австралија 

Happy Birthday Radio Ilinden Melbourne

Оn the 2-nd of August, 14 years ago, the great religious and national holiday Ilinden, 24 hour Radio Ilinden Melbournestarted broadcasting on Macedonian language. Since the beginning the listeners follow our programs with great joy and interest.

They have the opportunity to listen to Macedonian songs, send community announcements, listen and read interesting articles from the country and the world, breaking news from the homeland, participate with comments in our shows, be informed. Since then, Radio Ilinden Melbourne serves the needs of Macedonians in Australia and the world. it For the listeneres it is more then a radio, it’s a symbol of patriotism, most informative and needed media. In all these years they feel like part of our radio. All together we represent an important entity in the country where we live and feel closer to our homeland.

Without Macedonian language program a number of Macedonians in Australia would be short of something very important and essential in their lives. As a medium for 14 years presents the beauty and uniqueness of our language within other ethnic languages in Australia. Thus not only develop patriotic feeling among Macedonians but we gain more friends, lobbyists for Macedonia to represent the Macedonian interests.

Radio Ilinden will continue to extend its mission with your support. We express gratitude and appreciation to all our editors, presenters, volunteers who made valuable contribution over the years. Happy Birthday Radio Ilinden Melbourne- 24 Macedonian radio station

Среќен роденден Радио Илинден Мелбурн

Пред точно 14 години на 2 август, големиот верски и национален празник Илинден започна со емитување на програма 24-часовното Радио Илинден Мелбурн. Уште од самите почетоци слушателите со голема радост и интерес ги следат нашите програми, затоа што имаат можност да слушаат македонски песни, да испраќаат и слушаат соопштенија од Заедницата, да слушаат и читаат најинтересни прилози од земјата и светот, важни вести од татковината, да учествуваат со свои коментари во нашите емисии, да поздравуваат и честитаат на свои најблиски. Сето тоа на свој мајчин јазик – Македонски.

Радио Илинден Мелбурн се стави во служба на потребите на Македонците во Австралија и светот. Не само што им е блиско и достапно 24 часа туку според слушателите тоа им претставува симбол на патриотизам, најинформативно радио, потребна алка без кој не можат не можат да се замислат. Во сите овие години слушателите се чувствуваат како дел од нашето радио. Заеднички сите претставуваме важен субјект во земјата во која живееме и го приближуваме она што многу ни фали – љубовта кон татковината.

Без програма на македонски јазик голем број на Македонци во Австралија би биле скратени за нешто многу важно и суштествено во нивниот живот. Како медиум веќе 14 години ја презентираме убавината и посебноста на нашиот јазик во рамките на другите етнички јазици во Австралија. На тој начин не само што го развиваме патриотоското чувство кај Македонците туку се здобиваме и со повеќе пријатели, лобисти за Македонија кои би ги застапувале македонските интереси.

Иселениците иако географски оддалечени, сепак претставуваат огледало на процесите кои се одвиваат во својата матична земја. Радио Илинден и понатаму ќе ја продолжи својата мисија заедно со вашата поддршка.

Изразуваме голема благодарност до сите наши минати и сегашни соработници, пријатели и верни слушатели. Нека ни е честит големиот национален и верски празник Илинден. Среќен роденден Радио Илинден Мелбурн- 24 часовно Македонско радио

Во Австралија и низ светот има искрени Македонци кои жртвувајки се себе си,посветувајќи љубов,време и средства се борат за македонските светлини со денови,месеци,години,децении.

СООПШТЕНИЕ

12.07.2016

Македонското Младинско Културно Уметничко друштво “Никола Карев” - Мелбурн отвора нова играорна група за деца кои сакаат да го изучуваат македонскиот фолклор.

Откако Полицијата во Мелбурн објави фотографија во медиумите и побара помош за препознавање на личноста која е на фотографијата која би можела да помогне во истрагата за откривање на измамата која се случила во продавница за алхохол во населбата Резервор, одма постана паника и вчудевиденост помеѓу Македонците во Мелбурн откако ја  видоа личнаста во фотографијата и дека таа личност всушност е познат Македонец.

Страница 6 од 20

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на