wrapper

Флеш вести

Сабота, 26 Март 2016 21:13

Интервју со Хаткан Реџеп Исмаил член на ЦК на партијата „Левица“

ДРЖАВАТА, ДЕМОКРАТИЈАТА И СЛОБОДАТА НИ СЕ ГРАБНАТИ ОД ПАРТИИТЕ НА ВЛАСТ 

Почитувани слушатели на Радио Илинден денешен наш гостин е господинот Хаткан Реџеп Исмаил основач и долгогодишен активист на здружението „Ленка“ и член на новоформираната партија Левица т.е. член на президиумот и централниот комитет на оваа партија.

Ова е веќе втор гостин од Левица во нашата емисија.

На почетокот, до каде е формирањето на партијата Левица, дали се формриаше, колкаво членство досега брои и како оди екипирањето на луѓето и на сите оние што сакаат да партиципираат во „Левица“?

 

Хаткан Исмаил – Веќе нема до каде, Левица е формирана. Официјално имаме одобрение од институциите на државата дека сме политичка партија. Моментално Левица не делува само централно во Скопје туку во фаза се на формирање неколку ограноци, а формирани се ограноците во Битола, Прилеп, Куманово, во Стумица, така да се надеваме дека и во другите краеви на Македнија ќе имаме ваков интерес и дека ќе имаме поголем број на членство кој што ќе делува локално во име на Левица.

Како се заинтересирани нашите иселеници за Левица? Дали ве контактираат и се интересираат ли за вашата програма? Имате ли податоци како дијапората реагира на вашите идеи? 

Хаткан Исмаил – Она што можам да го кажам за луѓето кои што се надвор од државава е тоа дека тие се генерално, така да се изразам, дел од ителектуалната класа, дел се на студии таму, дел се на некаква хонорарна работа надвор. Имаме контакти од така наречен задграничен комитет, и имаме подршка на самиот почеток и се надевам дека тоа ќе се практицира во нешто многу поконкретно и многу посилно. 

Се подготвуваат избори, или подобро кажано се зборува за подготвување избори, па дали Левица ќе учествува на тие избори? Како Левица ја перципира целата ситуација во државава, политичка, економска, безбедносна ...?  Има ли можности за избори и дали Левица ќе се најде на листите? 

Хаткан Исмаил – Ние пред се формиравме партија за да одиме на избори. Но, сепак, моменталната ситуација во Република Македонија  пред се политичка, или едноставно климата за фер и демократски избори е никаква , незадоволителна. Не само овој датум што се одложи туку и следниот а кој е закажан за 5 јуни мислиме и да постои политичка волја работите кои што треба да се исполнат односно условите за тоа , периодот е многу краток. Политичката парија Левица ќе учествува на изборите ако з анив има една фер и демократсдка клима. 

Конкретно каде гледате пречки за тие ибори? Зошто не може да има фер избори според вас  наредниве месеци? 

Хаткан Исмаил – Проблемите со медиумите е многу широка тема и тоа е еден од клучните проблеми но генерално јас би кажал дека  корпоративните медиуми, медиумите кои што ги подразбира капиталистичкиот систем се во суштина недемократски и нефер и си држат своја агенда, но, барем минимално треба да се регулираат за да имаат застапеност сите политички страни во процесот. Тоа е еден голем проблем кој што не верувам дека Македонија може генерално да го реши но и никаде во светов не е генерално решено. Потоа исто така најголем проблем се притисоците на власта кои што ги прави низ сите инстанци на институциите . Буквално партијата на власт е навлезена во секој пора на општеството и не само во државните институции туку и во приватните деловно-правни огранизации , како фирми, разни невладини организиции па дури и во културно уметнички друштва. Значи партијата на власт е навлезена во секоја пора на општеството и преку тоа прави огромни притисоци.

Еден навидум технички проблем за одржувањето на фер и демократски избори се и прочистени избирачки списоци. Гледаме разни шпекулации по медиумите од  фантомски гласачи од 300 000 до 500 000 ... но, мислам дека тоа е еден многу сериозен проблем кој што бара сериозен зафат од институциите, бара сериозна политичка волја за да се направи и не е само технички проблем туку е и политички поготово со оваа гарнитура на власт.

Свесни се дека тоа е  нивниот адут во рацете за да ги добијат изборите. Значи треба да се направи едно темелно чистење на избирачкиот список и едно темелно сценарио како идните избори да бидат фер и демократски и слободни за да имаме реален резултат на тоа каква граѓаните политичка опција би одбрале. 

Во последно време се споменува пописот како опција за решавање на дел од проблемите. Според вас дали може да има прочистен избирачки список без претходно напарвен попис во државава? 

Хаткан Исмаил – Ова прашање бара стучност, но би кажал дека веќе  кога имаме толкав број проблематични гласачи нормално би било подобро да с енаправи попис со оглед на тоа што Македнонија го нема напревено долги години а е законска обврска на државата да го направи тоа а потоа да го издае избирачкиот список кој ќе биде прифатен од сите политички актери и според него ќе се организираат следните избори.

Каде ја гледате базата која што би гласала за Левица, значи со кои идеи Левица ќе настапи на тие избори кога и да се случат? 

Хаткан Исмаил – Ние како левичарска партија пред се како целна група ги гледаме работниците како класа која што е највеќе потисната кај нас. Се надевам дека тие масовно ќе се препознаат во политичката идеа на Левица и ќе ја добиеме нивната подршка. Тука се исто така и студентите за кои што развиваме и програми за нив и за образованието и политиките кои што се дадени за образованието.

Дел од луѓето што ги организираа нив  како студенти се дел од Левица како основачи. И ние исто така како Ленка учествуваме во цел тој процес околу образованието кај нас.

Следни се и сите обични граѓани кои што го чуствуваат овој политички притисок кој што постои во македонското општетсво кој што пак е неподнослив и треба да му се стави крај. 

Ги подржувате ли штарјовите во државава кои што се актуелни или пак се најавуваат? Како гледате на овие процеси? 

Хаткан Исмаил – Тоа е секогаш добро. Народот се буди и може на такви настани едноставно да се социјализира, да се поврзат еден со друг и да се препознаат како колективитет. На пример студентите ако штрајкуваат навистина во еден таков момент ќе можат и хомогенизираат меѓу себе и да си ги побараат нивните основни права и да влијаат во подобрување на нашето исклучително лошо образование. 

Обединувачко за сите оние кои бараат некакви свои права е тоа што моменталната владеачка гарнитура, нема намера, нема слух, за овие проблеми, На пример од проблемите со Регулаторна комисија, образованието, стечајците, протестите против корумпираното судство ... 

Како партија што мислите за судскиот ситем во државава, за судството, за судиите, за можноста претседателот да помилува престапници, за Специјалното јавно обвинителство...? 

Хаткан Исмаил – Генерално во државава ниту еден сектор па вклучително и спортот е на катастрофално ниво, а секако посебно такво е судството. Значи правниот ситем кај нас е  на високо ниво неправеден. Тука не е проблем само корумпираноста на судиите тку проблем се некои системски работи. Тука би ги споменал на пример тоа дека нашиот правен систем нема пракса да ги зема во обзир материјалните услови во кој е направен прекршокот. Тоа е генерално голем проблем сиромашните заедници, социјално бедните заедници како што е нашата. Податоците покажуваат на светско ниво дека со се помало социјално ниво криминалот во општеството расне а тоа е случај и со нашата заедница.

Во однос на СЈО би кажам дека е единствената институција која иако нема легитимитет од народот но сепак може во овој период на зграпчување на државата од една политичка партија да ја спаи државата и институциите.

Во однос на Уставниот суд и проблемот со помилувањето од страна на преседателот на државата ... ова е едно крајно безобразно решение на Уставниот суд. Ние не можеме да оставиме на слободна волја на претседателот дали ќе помилува или не, ниту во Уставот го нема тоа и кажува дека собранието со закон го доуредува помилувањето на претседателот. Според мене треба воопшто да нема такво право на помилување еден претседател на држава. 

Колку нашите политичари имаат свест, морал, етика етичност во своето работење и делување? 

Хаткан Исмаил – Не можеме да зборуваме за морал и некаква пред се за свест на една колективна заедница на политичарите со ретки исклучоци се разбира, но тоа не постои како вредност во нашето општестсво. Ние како Левица се залагаме за намалување на бенефициите што политичарите па и за функционерите во идната влада а тоа ќе го има и во нашата програма.

За свеста... политичарите треба да имаат свест за добробитта на целата заедница но, тоа го нема ниту на индивидуално ниво ниту на ниво на политички партии . Напротив, гледаме дека функционираат буквално како семејства кои што бенефициите од нивната власт си ги доделуваат на своите членови додека а не на оние кои што се најзаслужни за одредени позиции. 

Жарко Василевски ( Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. )

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на