wrapper

Флеш вести

Петок, 08 Април 2016 23:36

Интервју со Сашо Тасевски - ФАШИЗОИДНА ПОЛИТИКА ЈА ГУШИ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

„ Практично изминативе 10 години државата е киднапирана од една технократска криминогена група која што е поврзана со фамилијарни врски која што буквално ја стави во заложништво целата држава, сите нејзини институции. Ги зема како заложник се со цел за да стекне огромна лична корист и бенефит  на сметка на целата држава и целиот народ. Практично како што гледате сега во Македонија институциите не функционираат затоа што се е партизирано, судовите не функционираат, парламентот не функционира затоа што парламентот е во скутот на таа бизнис-криминогена структура кој само им ги исполнува одлуките, ги верификува одлуките кои што некој таму ги носи таму високо во ешалоните на власта “

 

 

Почитувани слушатели на радио Илинден добредојдовте во уште една наша емисија. Денешан наш гостин е актерот Сашо Тасевски. Господине Тасевски добредојдовте на нашата фрекфенција и благодариме што позитивно одговоривте на поканата да учествувате во програмата на Радио Илинден.

 Сашо Тасевски – Добро ве најдов и многу ми е драго што ќе зборуваме за ситуацијата во Македонија за нашите сонародници во дијспората за малце да им ја појасниме состојбата овде во Македонија и да им објасниме што се случуваше изминативе 10 години затоа што верувам и знам дека и тие се жртва на големата манипулација која што ја правеше оваа власт. Така да многу од нив имаат погрешна слика за тоа што се случуваше овде изминативе десетина години.

За почеток ќе може ли една оценка од вас за културниот живот во државава со оглед на тоа дека сте човек кој работи, твори во културата.

Сашо Тасевски – Во Македонија не е проблем тоа, се случуваат културни настани... Проблем е културната политика која што се наметна а тоа е величање на една античка приказна која што од научен аспект е многу сомнителна и која што ни донесе многу голема штета во меѓународните односи.

Тоа е затоа што пред 15-20 години во очите на светската јавност многу презир имаше ви светската јавност кога Грција ја присвојуваше антиката во смисла се она поврзано со Филип Втори, Александар ... па гледаа со симпатии кон нас , затоа што знаеја каде е проблемот. Оваа власт кај нас сега која сака да ги избрише словенските корени на нашиот идентитет... всушност ја направија истата грешка што ја направија Грците.  Тогаш испратија порака во светот дека нема разлика помеѓу она што Грците го правеа со присвојувањето на тој историски период во кој што живееле Филип и Александар туку видоа дека ја прифативме нивната игра и сфатија дека нема голема разлика меѓу нив и нас и си нанесовме многу голема штета.

Кога ќе видат двајца лудаци во една соба тоа е веќе премногу. Кога беше еден многу полесно правеа дистинкција на работите но, кога видоа дека во спорот имаат двајца лудаци  видоа дека нема разумни луѓе ... Тоа е штетата што ја направи оваа власт што се втурна во докажување на идентитет на некој историски период кој што е културна придобивка за целиот свет а не само за Грција или за Македонија. Никој генетски не може да испита, не постои таква технологија за да видиме дали ние имаме некој генотип што влече корен од тие антички Македонци.

Што најмногу ви пречи во Република Македонија?

Сашо Тасевски – Она што ја разбуди свеста, го разбуди револтот кај интелектуалниот дел од овој народ изминативе 10 години тоа беше што одеднаш се најдовме дека сме соочени со едни силеџии кои што после неколку години владеење не користеа маски или ракавици да ги затскријат својте криминали и своето силеџиско однесување. Тоа беше да кажам главниот „тригер“ што ги разбуди луѓето прво тивко да зборуваат а потоа се погласно за да дојде до ова до кај што сме сега. Практично изминативе 10 години државата е киднапирана од една технократска криминогена група која што е поврзана со фамилијарни врски која што буквално ја стави во заложништво целата држава, сите нејзини институции. Ги зема како заложник се со цел за да стекне огромна лична корист и бенефит  на сметка на целата држава и целиот народ. Практично како што гледате сега во Македонија институциите не функционираат затоа што се е партизирано, судовите не функционираат, парламентот не функционира затоа што парламентот е во скутот на таа бизнис-криминогена структура кој само им ги исполнува одлуките, ги верификува одлуките кои што некој таму ги носи таму високо во ешалоните на власта.

Тоа е баш една театарска постановка каде што се глуми демократија. Кај нас парадоксот е поголем и кај нас мнозинството буквално ги носи одлуките кои знаеме дека се донесени во врвот на власта и нема шанси било кој да стави вето или да ги стави под прашање.

Иста е и состојбата со функцијата претседател кој што е буквално целосно ставен во функција на партијата на власт кој што едноставно ги исполнува само нивните агенди и практично нема никаков авторитет ниту пак почитување од останатиот дел од народот кој што не се согласни.

Зошто во вашите ставови се чувствува една огорченост кон власта. Зошто не се согласувате со владините политики, каде гледате разединување со вашите ставови како интелектуалец, човек од културата, човек кој живее и твори во оваа држава?

Сашо Тасевски – Пред се најголемиот револт се јави затоа што тие практично го доразединија  македонскиот народ. Практично нивната агенда беше буквално „Раздели па владеј“. Практично тоа значи дека секој кој што не размислуваше како нив беше етикетиран предавник – сдс-мовец или пак соросоид. Тоа им беше една агенда и уште им е агенда која што практично тие ја туркаат безмислосно.

Ова е вистина. Имаат и семинари за млади кадри за тоа како да ги неутрализираат интелектуалците и сите оние кои што независно размислуваат. Тоа пак е типичен симптом на фашизоидно водење на државата. Тоа е затоа што еден од симптомите на фашизмот е презирот кон интелектуалците, презирот кон слободната мисла. И, секогаш кога ќе се појави некој што размислува со своја глава целата работа е како тој да се неутрализира. Тоа пак најлесно е да се направи ако се прикаже дека е предавник или пак припаѓа на спротивставениот табор кој што се бори за власт.

Најголемиот проблем е тоа што оние кои што се моментално на власт а тоа се ВМРО- ДПМНЕ не се ништо поголеми патриоти од оние кои што владееја претходно. Или, барем се исто толку предавници колку што се оние кои владееја пред нив. Ова го зборувам поради следново. Секој премиер во оваа транзициона Македонија од 1993 година па навака, па дури ќе речам дури од осамостојувањето, ниту еден не е избран на парламентарни избори. Дека народот гласал е само една фама дека народот кога оди на избори ја избира онаа влада која што сака да владее. Тоа има еден цел механизам како може да се услови како да гласа народот за одреден човек или за одредена партија. Сакам да кажам дека за овие 25 години сите премиери на Македонија се поставени не од народот на власт туку од домашната тајна служба со помош на одредени регионални тајни служби и во дослух со некоја моќна тајна служба на некоја веле-сила. Ова не е теорија на заговор и она што сега се случува во република Македонија го потврдува токму тоа. Значи, оној што те поставил на власт тој те менува. Груевски сега не го менува народот, не го менува СДСМ, туку го менуваат оние кои што го поставиле, неговите татковци.

Како дијаспората да реагира и како д а одбере вистинска одлука кога се во праашње изборите?

Сашо Тасевски – Слика за тоа е само доколку ги видите претставниците од Австралија кои што влекоа во парламентот. Видете какви луѓе се. Тоа се криминогени лица кои што се обвинуваат за семејни насилства... Кого претставуваат тие? Ако тој што е во парламент дома си ја тепа жената и ја малтретира па тој со тоа ги претставува и иселениците кои што живеат во дијаспората. Дали вреди таков човек да биде претставник на дијаспората?

Под услови какви што имаме сега, за гласање за избор на пратеници... немање слобода, јас знам дека нивните гласови се манипулираат во корист на една криминогена структура која што сака и понатаму бесно да се бори и се бори како шакал се бори да остане на власт, иако реално се веќе готови.