wrapper

Флеш вести

Сабота, 30 Април 2016 19:39

Интервју со Бранко Наумоски, поранешен претседател на Уставен суд

ЗА ПОЧЕТОК ИВАНОВ ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА ЗА АБОЛИЦИЈА И ДА ЈА СПАСИ МАКЕДОНИЈА ОД ПОГУБНО СЦЕНАРИО.

Почитувани слушатели на Радио Илинден добредојдовте во уште една наша емисија. Наш денешен гостин е поранешниот претседател на Уставен суд на Република Македнија, господинот. Бранко Наумоски.

Господине Наумоски ви благодарам за учеството и за укажаната можност да го чуеме вашиот став на неколку актуелни проблеми во државава.

Бранко Наумоски – Благодарам за поканата и би сакал да упатам еден поздрав за сите наши Македонци иселеници кои што го слушаат ова радио. Исто така сакам да им го честитам празникот Велигден на сите христијани и се разбира дека ќе се обидеме на некој начин да им ја доловиме состојбата во Македонија се разбира од аспект онака како што јас ја гледам во моментов.

На почетокот како гледате на целава политичка сапуница во државава како поранешен претседател на Уставен суд на Република Македонија но и како граѓанин.

Бранко Наумоски – Јас во едно мое интервју дадено непосредно по потпишувањето на договорот од Пржино кога постоеше сомнеж дали договорот ќе биде испочитуван од сите или повторно ќе биде третиран како тоалет хартија, реков дека тешко и се пишува на Македонија доколку не го испочитува договореното во Пржино. За жал денска се случува нешто друго, тој договор за мене е погазен, состојбата е претешка, Македнија никогаш не била во потешка состојба... Постои опасност и од безбедносен аспект, едноставно да дојде до некој меѓуграѓански судир.

Сепак се надевам дека ќе надвладее разумот кај они што треба да ги амортизираат состојбите ќе ги оладат своите глави и некој ќе мора да им ги олади. Се надевам дека меѓународната заедница имајќи ги предвид конкретните состојби ќе мора да го засили своето темпо и ќе им олади главите на нашите усијани политичари кои очогледно го поминаа рубиконот.

Денес ние немаме правана држава. Владеењето на правото одамна е заборавено. Човековите слободи и права потполно се нарушени. Постои невидена поларизација и партизација на општеството. Извршната власт потполно ја поклопи и судската и законодавната власт . Со еден збор речено целиот уставно-правен систем е руиниран и да ви одговоран на прашањето како гледам на состобава, како граѓанин но и од позицијата што ја имав, едноставно гледам со загриженост на состојбите.

Но сепак да се надеваме, како што реков, дека ќе надвладее разумот и дека нема да се вовлечеме во едно сценарио кое ќе биде погубно за Македонија.

Она што ја зовре целата состојба, иако и претходно беше тензично, беше одлуката на претседателот Иванов да аболицира криминалци. Како ја коментирате оваа одлука?

Бранко Наумоски – За мене одлуката на Иванов за аболиција е чиста злоупотреба на функцијата и злоупотреба на институтот аболиција. Ова е голем срам не само за него како докрот по право туку и за угледот што државата го има кај меѓународната заедница. Ова го велам затоа што претседателот навистина се дрзна да донесе една ваква одлука без постоење на правен однос за тоа, затоа што тој ги аболицира овие луѓе без постапка врз основа на непостоечки член бидејќи овој член од законот за помилување, членот 11 е избришан од законот.

Без оглед на тоа институтот аболиција во принцип се применува за политички гонети лица а не за криминалци кои непосредно го урнисаа овој ситем и ги наполнија своите џебови и сега гледаат на секој начин да си ја спасат својата кожа. Ова за мене е невиден преседан со кој практично претседателот доли бензин во огнот. Гледате што всушност неговата одлука презвика, што направи во државата, немири, гнев кај граѓаните, кои се секако во право и јас и давам подршка. Од таму сметам дека преседателот мора да ја повлече оваа одлука што побргу а тоа и подобро за Македонија ако веќе навистина сватил дека направил грешка.

Има ли услови за повлекување на оваа олдука и како тоа ќе се одрази на политичкиот грч во кој што се наоѓа државава?

Бранко Наумоски – Секако дека има услови за повлекување. Ние деновиве слушнавме од претседателот дека се консултирал со врвни правни стручњаци за основот и начинот на кои би ги повлекол одлуките. Оваа негова изјава е малце навистина трагикомична. Замислете  професор по право на Правниот, доктор по правни науки, не знае да ги повлече одлуките и бара помош од други.

Па, јас исто така се прашувам зошто не се консултирал кога ги донел одлуките? Дали навистина има основ? Има. Едноставно како што ги донел одлуките може и да ги повлече, ако се гледа интересот на граѓаните. Но не е прашање дали има основ или не туку се плашам дали тоа можеби не е една нова игра од страна на претседателот како што тоа го прави поранешниот претседател на владата господинот Груевски, да се купува време за сето ова да се заборави.

Но мислам дека овој пат тоа нема да помине, како што би рекла обвинителката Фетаи „Претседателе НО Пасаран“  и на едниот и на другиот претседател. Мислам дека ова купување време веќе нема да им помине и граѓаните веќе се освестија и знаат во каква состојба ни е државата. Се надевам како што реков дека тоа ќе се надмине. Тој пак после ваквата одлука ќе треба да си даде оставка инаку како што знаете тој е веќе заборавен и од меѓународната заедница и од страна на граѓаните.

Зошто изјавивте дека - Горд сум што не сум судија во овој состав на судот? 

Бранко Наумоски – Тоа го реков затоа што овој состав на судот навистина е една приказна сама за себе. Тоа веќе не е Уставен суд и не можам да го изедначам ниту со месна заедница затоа што во месната заедница се дикутира и се носат било какви одлуки и сигурно поправедни. Јас бев последниот судија и претседател на тој суд по што премиерот тогашен Груевски обезбеди мнозинство за да може да раководи со тој суд. Не знам дали се сеќавате на една прилика кога судот во тој состав укинуваше и поништуваше колем број одредби од законите запрашан Груевски за одлуките на тој суд во кој што бев и јас судија Груевски одговори, цитирам, „Тој суд ние не го контролираме“.  Тоа значеше дека му останал само да го контролира уште тој суд, Уставниот суд, што е невидено нешто.

Сега како што знаете го има мнозинството и владее со него. Да заклучам, во сотавот на овој суд и сега има судии кои што држат до својот интегритет, свест и совест, но, мнозинството од нив кои впрочем му овозможија на Иванов да аболира, се суди без интегритет или што би рекол народот без образ.

На крајот на краиштата Груевски двајца од нив врати од пензија за да ги изберат за судии затоа што најверојатно му се најголеми послушници а останатите судии од местата од каде што дојдоа на местата во Уставниот суд најверојатно беа наградени затоа што вршеле некои услуги за власта кога биле на тие работни места и ја вршеле таа функција.

Ви благодариме за интервјуто и да се надеваме на најдоброто за Македонија.