wrapper

Флеш вести

Сабота, 07 Мај 2016 19:40

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р БЛАГОЈА МАРКОВСКИ

ТЕХНИЧКА ВЛАДА, СОЗДАВАЊЕ ДЕМОКРАТСКИ УСЛОВИ ПА ИЗБОРИ 

 

Почитувани слушатели на радио Илинден добредојдовте во уште едно наше интервју, интервју од Македонија. Денешен наш гостин е доктор Благоја Марковски, полковник во пензија, поранешен портпарол на Армија на Република Македонија и претседател на Балканскиот форум за безбедност.  

Благоја Марковски - Најнапред поздрав до вашите слушатели до Австралија и ширум светот. Јас од денешен аспект кога го правиме ова интервју сакам да истакнам дека го работиме во исклучително сложени ситуации и состојби во Република Македонија. Сите оние анализи кои што ги правиме во Балканскиот форум за безбедност и кои се актуелни во Република Македонија и пошироко во регионот на Југоисточна Европа кажуваат за можни дестабилизации на состојбите на секој план а особено на безбедносен план и од тој аспект мислам дека следните чекори кои што ќе ги превзема, особено Р.П. со државното и политичкото раководство ќе бидат одлучувачки за натамошниот развој на земјата. 

Како човек што доаѓа од армијата како ја оценувате сегашната состојба во која се наоѓа АРМ? 

Благоја Марковски - За жал она што требаше како држава, како политички субјекти, како државна власт да и се пружи на армијата во смисла на нејзиното опремување и натамошен развој во смисла на приближување кон стандардите на НАТО бидејќи Република Македонија се изјасни плебисцитарно дека сака да биде членка на ЕУ и НАТО, армијата многу заостанува поради немање средства за нејзин натамошен развој и заради тоа што во овој момент власта водеше една би рекол политика во која преднос му даваше на Министерството за внатрешни работи во однос на министервото за одбрана.

Ова беше со образложение дека не постојат некои специфични ситуации, не постои можност за агресија однадвор, па така армијата остана на едно ниво кое е далеку од страндардите кои што се посакуваат од секоја развиена земја. Од тука мислам дека новата власт, а се надевам дека тоа анскоро ќе биде мора многу посериозно да пристапи во однос на осовременување на средствата на Армијата на Република Македонија и подигнувањето на степенот на борбената готовност. 

Како ја оценувате безбедноста во државава, безбедноста на границите, внатрешната безбедност... ? 

Благоја Марковски -   Два аспекти се битни за отсликување на состојбите во сферата на безбедноста во Р.М. Првиот аспект е европската бегалска криза која ја зафати Република Македонија како земја која се наоѓа на балканската рута на оваа бегалска криза. Вториот момент е внатрешната криза во Р.М. Европската бегалска криза придонесе Р.М. да се стави на браникот на одбраната на Европската Унија не по своја волја, бидејќи земјите членки на ЕУ не покажаа согласност во однос на европските вредности, секоја си ги заштитуваше своите интереси, и од тој аспект поставува разни барикади и ги затвораат границите. Република Македонија беше таа која  е прва на браникот на тој бран од бегалска криза која доаѓаше од Грција ...

Во тој контекст Р.М. мораше да постапува така како што постапуваа и членките на ЕУ но и непосредното соседство пред се мислам да Србија, Хрватска и т.н.

Заради тоа беше потребно и неопходно бидејќи ќе се најдевме во ситуација да имаме голем број бегалци на наша територија.

Поставувањето огради на границите е неповолна мерка за Република Македонија а посебно за бегалскиот бран кој е се поголем и поголем. Овие мерки не само што не се благопријатни за бегалските бранови тие се исто така непријатни и за внатрешните состојби во Република македнија бидејќи поставувањето на било какви барикади тие овозможуваат во еден одреден момент бранот да се запре но истовремено овозможуваат шверцерски канали, шверцување на луѓе и средства преку границите и од тој аспект се среќававме и судрувавме со бегалски групи кои го пронаоѓаа својот пат кон Средна и Западна Европа, преку нелегални премини па дури и организирани преку локалното домицилно население кое ги прифаќаше и како шверцерски групации ги пренесуваше низ територијата на Р.М. 

По толку време, како гледате на конфликтот во 2001 година? Кој против кого и зошто беше тој конфликт? 

Благоја Марковски -  Прво сакам да кажам дека иако има некои обиди да некои да ги поистоветат проблемите во 2001 година со состојбите кои што се сега во Р.М.

Тоа не е за спојување или било какво рангирање од едноставна причина што конфликтот во 2001 година се изроди како желба на некои политички структури политички структури, на некои терористички структури во делот на албанското население  со терористички кати да дојдат на позиција на власт. Тие за жал успеаја во тоа и од 2002 година веќе фигурира политичкиот субјект ДУИ која во актуелниов момент е во власта или ја дели власта со ВМРО-ДПМНЕ.

Тие состојби што се создадоа во Р.М. во 2001 година објективно ја вратија државата назад не за една не за две туку сигурно за едно 20 до 30 години во заостанувањето на развојот што како последица го имаме и ден денес. Ова пак што се случува денес е сосема со други цели, со цел секој граѓанин да му се спротистави на овој деспотизам што го создава режимот.

Од друга страна пак нерашавањето на актуелниот проблем може дабиде многу посложен од оној во 2001 година бидејќи Шарената револуција својата врвна точка за нејзиното актуелизирање го доживеа со аболицијата на претседателот Иванов на криминалните дејствија и активности на државниот и политичкиот врв на Р.М. 

За крај... Што според вас следува во Република Македнија, иако е тешеко да се прогнозира? 

Благоја Марковски -  Веќе се нацртуваат контурите за натамошниот тек на настаните. Прокламираните вонредни избори на 5 јуни е невозможно да се одржат бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе мора да попуштат заради несодавање фер и демократски услови за избори.

Изборите мора да се пролонгираат и топката да се врати назад, да се воспостават демократски услови, услови на слобода и правда за реални демократски избори. По создавањето на ваквите услови на еден фер демократски натпревар да се излезе на ибори било кога тие да се случат но не на 5 јуни бидејќи за тоа нема ниту време ниту простор. Ако не се случи и ова и ако и понатаму ВМРО-ДПМНЕ тврдо опстојува на идејата да има избори на 5 јуни тогаш веројатно на тие избори би излегле само претставниците на таа партија што значи дека тие избори би бие нерелевантни, неприфатливи за било кој демократски аспект во светот.

Но, постои можност тие избори да бидат попречувани од страна на опозициските структури, од страна на граѓанските здруженија и организации и од тука може да се создаде една многу сложена безбедносна ситуација која наместо да биде ден на избори, да биде ден на отпорот и изразување на граѓаните во Р.М. а веројатно и со несогледливи последици.

Јас се надевам дека и она како помош што го добиваме во смисла на совестување од страна на демократскиот свет и од страна на внатрешните прогресивни структури во Р.М. овие денови а најдоцна до 15 мај  да се разреши оваа ситуација и фактички да започнеме со создавање на мериторни услови со создавање фер и демократски избори па тие нека бидат и после летото, нека бидат и на есен, нека бидат и за година дена... Најдобро би било ако се органзира експерстка влада која што ќе ги подготви тие услови за содавање на демократијата и слободата во Р.М. а по тоа да ги подготви и изборите.