wrapper

Флеш вести

Вторник, 02 Август 2016 07:32

Македонија и Македонците во фокусот на нашето дејствување и работа – Радио Илинден одбележува 14 години постоење

Точно пред 14 години во Мелбурн, Австралија се формираше Радио Илинден. Радио кое здрачи фрекфенција на која се зборува, се информира, се  пее, коментира, дискутира, дебатира на македонски јазик. Македонскиот јазик неуморно речиси деценија и пол се слуша на радио брановите во Мелбурн но и многу подалеку. Преку Интернет,  Радио Илинден се слуша во целиот свет за што сведочат илјадниците наши слушатели, пријатели и следачи на социјалните мрежи.

 

Благодарение на сопственикот на радиото, Господинот Дончо Ангеловски, радиото беше формирано со цел да се сочува македонската традиција, култура, историја и да се информира за случувањата во татковината Македонија, на што опстои и до ден денеска.

Интересите на Македонија и на Македонците ќе останат во фокусот на дејствување,  како до сега така и понатаму.

Нека е среќен и вечен Илинден на Македонија и Македонците а на Радио Илинден среќен роденден.