wrapper

Флеш вести

Егзодус :  20 милиони луѓе отселени од Источна Европа и Балканот за 25 години

Секторот за информатичкo-комуникациска технологија-ИКТ е во постојан подем, особено ако се суди според извозот. Македонија годишно извезува телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги исто колку и производи од железо и челик, или колку и руди, покажуваат податоците за македонскиот извоз во последните две години. ИКТ секторот има големи потенцијали, но се соочува со бројни предизвици. 

Долга е листата на производи, земјоделски и прехранбени, што Македонија може да ги заштити како традиционални. Кумановски суџук, Македонски колбас, Беровско сирење, Галички кашкавал, Бучимски кромид, Везени пиперки, Дојранска маслинка, Поточна пастрмка, Преспанска белвица, Матеница, Попара, Макало, Бабури со лук, Ќофтиња од икра, Струмичка мастика, Велешки пинџур, Салата од суви пиперки, Јагула на жар печена во пепел, Крап во тепсија, се само некои од нив.

 

Започна изградбата на дел од магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола во Тројачката котлина, во близина на Прилеп. Овој гасовод, како што беше речено денеска, чија првична изградба започна во јануари оваа година, ќе биде со должина од 92 километри, а инвестицијата е вредна 36 милиони евра.

Истражување на Институтот за економско истражување и политики „Фајненс тинк“ (Finance Think) покажува дека 76% од вработените во Македонија примаат плата пониска од 20.000 денари.

Долга е листата на производи, земјоделски и прехранбени, што Македонија може да ги заштити како традиционални. Според проф. д-р Владимир Какуринов, ако Македонија сака да ги заштити своите традиционални производи, тоа треба да го стори час поскоро со оглед дека другите земји не чекаат и се многу ажурни на ова поле.

Американска компанија во Охрид отвори погон за одгледување и производство на масло од канабис за медициски потреби, пишува српски Курир.

Кризата ги големата понуда на станови во Солун ја симнаа цената на 200 до 600 евра за квадратен метар.

Инструментите се на маса, а возниот ред за разрешување на политичката криза е познат, рече амбасадорката на СР Германија Кристине Алтхаузер, на вчерашната прес-конференција на Делегацијата на германското стопанство, на која беа презентирани резултатите од анкетирањето на компаниите кои имаат германски капитал.

Македонската економија годинава ќе има пораст од 2,8 отсто, што би било најниско остварување во споредба со земјите од регионот, предвидува Светска банка во најновиот регионален извештај за земјите од Западен Балкан. 

Страница 1 од 21