wrapper

Флеш вести

Среда, 22 Февруари 2017 23:28

(ВИДЕО) Цивил: Потресни сведоштва на текстилните работнички – не се плаќа прекувремената работа, враќаме пари во кеш, фрлаат предмети по нас

ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведе повеќе истражувања во сферата на социјалната правда во 2015-та и 2016-та година. Мониторинг тимовите и истражувачите на ЦИВИЛдојдоа до потресни сведоштва за состојбата на работничките права во Република Македонија. Работничките и работниците во Македонија се платени под секакви стандарди на вреднување на работничкиот труд, а притоа, се предмет на мобинг и малтретирање на работното место, а неретко и на политичка злоупотреба и дискриминација.  

Во своето истражување, ЦИВИЛ ги опфати и текстилните работнички. Текстилната индустрија е носител  на стопанството во Штип. Во Штип има над 80 текстилни конфекции, од кои голем дел се странски инвестиции.

Според информациите до кои дојде ЦИВИЛ, текстилните работнички и работници заработуваат меѓу седум и девет илјади денари месечно. Во тој износ влегуваат и парите потребни за превоз и храна. Работат во смени, често и прекувремено и за време на празници, но за тоа не им се плаќа дополнително. Според неколку сведоштва, ако се отсуствува од работа поради болест, работничките се принудени да враќаат пари во кеш. Заштита при работа е непостоечка категорија. Навредите се дел од нивното секојдневие. Голем дел од нив немаат здравствено осигурување.

Реалноста не е променета со години. Третманот на работничките и работниците во текстилната индустрија само се влошува. Голем дел од нив се  хранители, единствениот извор за егзистенција на нивните семејства.

Нашите соговорнички сакаа да останат анонимни, плашејќи се да не ја изгубаат единствената можност за, како што велат, гола егзистенција.

 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на