wrapper

Флеш вести

Петок, 24 Февруари 2017 19:34

Железничкиот сообраќај во Македонија се уште во застој

Железничкиот патнички и товарен сообраќај во Македонија седми ден е целосно блокиран поради протестот на вработените во претпријатијата во Македонски железници, кои бараат исплата на јануарската плата. 

Од МЖ Транспорт во вторникот најавија дека до крајот на месецов треба да се исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10-ти март и вториот дел, што е неприфатливо за вработените кои бараат целосна исплата на платата.

Ѓоко Илиески од  Иницијативниот одбор за спроведување на протестот информира дека три дена немаат повратна информација од раководството на МЖ Транспорт, ниту најава за средба и разговори. 

- Протестот ќе продолжи до исполнување на барањето за исплата на платата за јануари. За четири дена завршува месецот и ако не се промени нешто барањето ќе биде исплата на две плати, а загрижувачки е што во тој случај од први следниот месец ќе немаме здравствено осигурување, изјави денеска Илиески.

Владата на завчерашната седница донесе одлука да бидат префрлени дополнителни 70 милиони денари преку Министерството за транспорт и врски за потребите на МЖ. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вчера апелираше МЖ да продолжи со работа истакнувајќи оти така ќе може да ги исполни законските можности за да бидат префрлени дополнителните средства и за да ги реализира договорените обврски што ги има со своите коминтенти.

Од Владата вчера не ја потврдија информацијата за оставка на генералниот директор на МЖ Транспорт Никола Костов. Портпаролот Ѓорѓиев во одговор на новинарско прашање рече дека имаат чувство оти има обид за прикриена политизација и мешање на политички сили во рамки на актуелната состојба. - Имаме информации дека мал број вработени ја попречуваат работата на 3.000 лица кои се вработени во железницата и тоа треба да прекине. Треба луѓето да работат за да можат да ја добијат дополнителната поддршка и за да можат да си ги извршуваат нивните обврски кон коминтентите, да остваруваат дополнителни приходи и да не предизвикаат  штета во нивното работење поради евентуално неисполнување на договорните обврски, изјави Ѓорѓиев.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на