wrapper

Флеш вести

Вторник, 07 Март 2017 00:38

Индексот на цените на храната на ФАО порасна заради високата цена на пченицата

Индексот на ФАО за цената на кошницата на основните прехранбени производи порасна во февруари за 0,5 отсто од ревидираното јануарско ниво и за 17,2 проценти во однос на февруари 2016 година,

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на ОН благо порасна во февруари, седми месец по ред, за што придонесоа зголемените цените на пченицата и пченката.

Индексот на ФАО за цената на кошницата на основните прехранбени производи порасна во февруари за 0,5 отсто од ревидираното јануарско ниво и за 17,2 проценти во однос на февруари 2016 година, достигнувајќи просечна вредност од 175,5 поени, највисоко ниво во речиси две години, објавено е на официјалната интернет страна на оваа светска организација со седиште во Рим.