wrapper

Флеш вести

Среда, 05 Април 2017 18:01

Текстилците ги бараат платите, газдите ги плаќаат само казните

Само тројца газди на текстилни фирми од Штип, Крива Паланка и од Виница им дожат на работниците половина милион евра за плати, тврдат од Здружението на текстилни и кожарски работници „Гласно“.

Во две од трите фабрики - „Кадоро ОТО“ во Крива Паланка и „Зона трико“ Виница, работниците веќе штрајкуваат. Најавуваат и тужби за газдите кои не им исплатиле плати од три до осум месеци, но затоа пак, казната која им ја пропишале инспекторите ја платиле навреме.

Поранешните работници од „Зона трико“ тврдат дека на трансакциските сметки им била исплатена нето плата од по 1 денар и тоа само за четири месеци. Последниот целосен надоместок го примиле во јануари лани, а во септември им било кажано да не доаѓаат повеќе на работа.

- Вакво однесување на работодавачите е невообичаено. Логично би било, ако не успеваат да се изборат со конкуренцијата на пазарот да не се доведуваат во состојба да трупаат загуби што е лошо за нив да ги затворат фирмите со што и работниците не би ги довеле во ситуација поради неисплатени плати да штрајкуваат - вели претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров.

Според него, во услови кога се бараат текстилци нејасно е зошто овие работниците дозволиле подолг период да не земаат плата.

- Сите текстилни фабрики во земјава имаат редовно отворни оглас за прием на ваков вид работници. Во оваа индустрија има голема флуктуација на работници и силна конкуренција за обезбедување квалитетен кадар. Се нуди превоз од речиси сите градови, што значи овие работници, ако сакаат, можат да најдат посигурно вработување, поволности и повисока плата – вели Димитров.

Димитров, сепак, признава дека текстилната индустрија подолг период е во тивка криза, која доведува до постепено затворање на дел од фирмите, но и дека сè уште има нелојална конкуренција од мали фирми кои работат во субстандардни услови.

Според него, домашните фирми кои се обидуваат да излезат на странскиот пазар се судираат со силна конкуренција која не можат да ја издржат ако не можат да обезбедат повисока продуктивност и организација на работата која ќе им носи заштеди и поевтин производ.

- Нашите фабрики се мали во однос на она што го има, на пример, во Далекиот Исток, каде што во неколку фабрики еден сопственик има вработено и 30.000 работници и имаат голем обем на производство. Згора на тоа, имаат и многу пониски плати на работниците. Затоа, ако сакаме да останеме на светскиот пазар ќе мора да се преструктуираме за да понудиме поконкурентен производ. Во спротивно, претстои затворање на фирмите или преориентирање на домашниот пазар со мало скапо производство - вели Димитров.

 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на