wrapper

Флеш вести

Среда, 12 Април 2017 19:57

Стопанството трпи, доцни решението за политичката криза

Инструментите се на маса, а возниот ред за разрешување на политичката криза е познат, рече амбасадорката на СР Германија Кристине Алтхаузер, на вчерашната прес-конференција на Делегацијата на германското стопанство, на која беа презентирани резултатите од анкетирањето на компаниите кои имаат германски капитал.



Алтхаузер потенцираше дека за економијата, политичкото решение за оваа криза е веќе задоцнето, поради што уште еднаш потсети на патот за нејзино решавање.

- Потребна е политичка волја за решавање на кризата. Решението е на маса. Имаше избори, неоспорени. Имаше тежок изборен резултат и тоа не се случува само во Македонија. Сега парламентот треба да биде оперативен и брзо да избере претседател. Потоа треба да има официјално писмо до претседателот на државата и тој да го даде мандатот за да се избере нова влада. Јас не гледам дека овој процес е загрозен и верувам дека тоа ќе се случи - рече Алтхаузер.

Амбасадорката посочи и дека е поминато долго време од спроведените парламентарни резултати и наведе дека показателите укажуваат на пад во економијата.

- Сите анализи покажуваат дека кризата негативно се одразува врз стопанството, забележан е пад на порастот на БДП, зголемен е фискалниот притисок, зголемено е задолжувањето, има несигурност и неизвесност во приватниот сектор, се намалуваат инвестициите, а негативен е и порастот на одобрување на кредитите - рече Алтхаузер.

Во Македонија има повеќе од 200 компании со германски капитал и тие вработуваат околу 15.000 работници.

Директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, ги презентираше резултатите од анкетираните компании и рече дека 51 процент од нив, ја оцениле економската состојба во Македонија како лоша, но наспроти овој податок, исто така 51 отсто од нив, се изјасниле дека во нивните компании состојбата е добра. Така, дури 56 проценти од анкетираните компании очекуваат во оваа година да се зголеми нивниот промет. Како резултат на позитивните очекувања, 82 проценти од компаниите се изјасниле дека повторно би инвестирале во Македонија.

Мартнес рече дека поволностите што ги нуди Македонија за инвеститорите даваат позитивни резултати, но ги акцентираше подрачјата каде што постои незадоволство. Прва на листа се најде правната безбедност, каде што оценката, како што нагласи, е одвај преодна. Потоа, незадоволството е искажано за политичката и социјалната сигурност, за борбата против корупцијата, за платежниот морал, како и за предвидливоста на економската политика.

Германија е најголем трговски партнер на Македонија со реализиран промет од 2,78 милијарди евра во 2016 година и е земја со која Македонија има суфицит во размената. Односно, реализираниот извоз од Македонија кон Германија бил малку над 2 милијарди евра, а увозот од Германија тежи 750 милиони евра. 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на