wrapper

Флеш вести

Четврток, 13 Април 2017 20:28

Станови во Солун по багателна цена

Кризата ги големата понуда на станови во Солун ја симнаа цената на 200 до 600 евра за квадратен метар.

Според истражувањата на пазарот на недвижнини,во Солун  по 200 евра за квадратен метар се бара за становите на приземје, додека пак до 600 достигигнуваат тие што се наоѓаат на повисоките катови.

Оние кои веќе купиле стан во Грција велат дека се се завршува преку преку агенција, адвокат и нотар.

Дополните трошоци за купопродажба изнесуваат 13 проценти од вредноста на станот, а нов сопственик може да станете за помалку од 2 месеци.

Пресметката на трошоците за еден стан од 40 квадратни метри е: цена - 30.000 евра; Данок за пренос на сопственост - 900 евра (3%); нотар - 900 евра (3-4%); впишување - 180 евра (0,4%); преведувач - 100 евра; адвокат - 500 евра; агенција - 1.200 евра; приклучок за вода и струја - 250 евра; годишен данок -120 евра. вкупни трошоци - 4.030 евра.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на