wrapper

Флеш вести

Сабота, 15 Април 2017 04:58

Во Охрид легално никнуваат полиња со марихуана за производство на масло од канабис

Американска компанија во Охрид отвори погон за одгледување и производство на масло од канабис за медициски потреби, пишува српски Курир.

Како што е соопштено, во погонот кој се наоѓа во кругот на некогашната фабрика „Охис“ веќе работат 15 работници, а планот е до крајот на годината да бидат вработени уште 50, а во наредните пет години 200 работници.

Објектот со површина од 2.000 квадратни метри е целосно реновиран како би станал вистински модерен погон во Македонија со лиценца за одгледување на медицински канабис и извоз на масло од канабис во земјите во Европа.

- Само неколку земји на светот имаат законско право да одгледуваат и извезуваат медицински канабис, а сега Македонија е една од нив и тоа нас не прави нова дестинација за оваа брзорастечка индустрија - изјавил министерот без ресор Џери Наумов.

Министерот за здравство Никола Тодоров пак, истакнал дека со отворањето на погонот во Охрид претставува темел за одгледување канабис за медицински цели.

Компаниата чиј еден од основачите е Македонец кој живее во САД, наведува дека планира да произведува 20 различни производи од канабис, зависно од потребите на македонскиот и европски пазар, а се очекува првиот производ кон крајот на август.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на