wrapper

Флеш вести

Вторник, 18 Април 2017 21:53

FINANCE THINK: 76% ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПРИМААТ ПЛАТА ПОМАЛА ОД 20.000 ДЕНАРИ

Истражување на Институтот за економско истражување и политики „Фајненс тинк“ (Finance Think) покажува дека 76% од вработените во Македонија примаат плата пониска од 20.000 денари.

Според Институтот, процентот на работници кои земаат помала плата од 20.000 денари е најголем во услужните дејности, земјоделството, трговијата и преработувачката индустрија, а најмал во финансискиот и енергетскиот сектор.
„На краток рок потребно е да се зголеми минималната плата за да се подобри животниот стандард. А на среден и долг рок треба да се размисли за модел на економски раст базиран на високоплатежни сектори како што се компјутерските дејности. Потребна е долгорочна стратегија и реформи, започнувајќи од образовни програми. Македонија треба да продуцира кадри со вештини во тие сектори и дејности, а мерките за вработување да се насочат кон тие дејности“, објаснуваат од Фајнанс тинк.

 

Податоците од анкетата на Институт за економско истражување и политики Фајнанс тинк велат дека 28,4% од македонските граѓани немаат доволно пари за да ги задоволат потребите за храна и за сметки, 41,6% се социјално исклучени, додека 30,4% се материјално обесправени и не можат да си ги дозволат основните животни потреби.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на