wrapper

Флеш вести

Вторник, 25 Април 2017 22:23

МАКЕДОНИЈА ИЗВЕЗУВА ИКТ УСЛУГИ КОЛКУ И ЖЕЛЕЗО И ЧЕЛИК, А МОЖЕ И ПОВЕЌЕ

Секторот за информатичкo-комуникациска технологија-ИКТ е во постојан подем, особено ако се суди според извозот. Македонија годишно извезува телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги исто колку и производи од железо и челик, или колку и руди, покажуваат податоците за македонскиот извоз во последните две години. ИКТ секторот има големи потенцијали, но се соочува со бројни предизвици. 

Минатата година овој дел од македонската индустрија постигнал извоз на телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги во вредност од 150,5 милиони евра, велат податоците на Народна банка на Република Македонија. Една година претходно извозот тежел 129,8 милиони евра, во 2014 година- 121,3 милиони евра, додека во 2013 година –119, милиони евра. Во 2012 година извозот вредел 106 милиони евра, а година претходно – 105, 7. Во 2010 година сме извезле вакви услуги во вредност од 95,9 милиони евра, а во 2009 – 86,9 милиони евра. 

Постојан пораст 

Лани извозот на телекомуникациски услуги вредел 53,9 милиони евра, на компјутерски – 93 милиони евра, додека на информациски – 3,6 милиони евра. 

Податоците на Државниот завод за статистика покажув дека минатата година во слична вредност сме извезувале производи од железо и челик (148,8 милиони евра), како и, како што се евидентираат, возила освен железнички или трамвајски шински возила, и нивни делови и прибор (164,2 милиони евра). Во 2015 година, пак, со во слична висина колку и ИКТ услуги сме извезле руди, згури и пепели (125,7 милиони евра), и исто така и производи од железо и челик (116,1 милиони евра). 

Квалитетна понуда

Од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии-МАСИТ велат дека постојаниот раст на извозот на ИКТ услуги се должи на големиот број новоформирани информатички компании, како и се поголемата ориентираност на постоечките компании на извозни активности. 

Една од главните силни страни на македонската ИКТ индустрија е фактот што нашата понуда претставува „вредност за пари”. Сметаме дека нашата работна сила не е евтина, туку има цена која е полесно достапна за компаниите во таргет-земјите, а за возврат даваме услуга со висок квалитет – велат од МАСИТ. 

Македонските ИКТ компании, додаваат, поседуваат силни технички познавања и се подготвени да работат според најновите технологии и стандарди. Познавањето на англиски јазик е на многу високо ниво, а има и познавање на други јазици. Индустријата располага со созреани компании кои се сериозни во нивните искуства и партнерски односи.

- Дополнителна предност е и што сме блиску поставени до таргет-дестинациите, на само час до два оддалеченост со авионски лет – велат оттаму. 

Многу предизвици 

За да се унапреди секторот, како што велат, МАСИТ учествувал во подготовката на Национална стратегија за извоз на софтвер и ИТ услуги како и на краткорочна ИКТ стратегија. Целта била да се предвидат и стимулативни мерки со кои ќе се подобрат и зголемат извозните капацитети на македонските ИКТ компании. 

- МАСИТ останува да ги решава предизвиците поврзани со унапредување на извозните активности, како што се пристап и освојување на нови пазари, постојан недостиг на квалификувана работна сила, инвестирање во релевантни стандарди за квалитет кои се барани на таргет-пазарите, постојана потреба од маркетинг и брендинг на државата, како и соодветен брендинг на ИКТ индустријата не како понудувач на евтина работна сила туку како дестинација со „вредност за пари” - додаваат оттаму.
 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на