wrapper

Флеш вести

Продолжува борбата за изедначување на квалитетот за исти производи во старите и нови членки на Европската Унија, на што работи и хрватската европарламентарка Biljana Borzan, која во соработка со хрватската агенција за храна веќе има започнато истражување за квалитетот на производите кои странските произведувачи и дистрибутери ги пласираат на хрватскиот пазар, а резултатите ќе бидат познати пред летото.

„Исплатата на субвенции е нестабилна, но секогаш се интензивирала пред избори“, потенцираа од Светска банка.

Вработените во Македонски железници – Транспорт и МЖ – Инфраструктура и денеска ќе штрајкуваат поради две неисплатени плати. Возовите и денеска нема да сообраќаат.

Планирано е основање на српско-македонски, односно македонско-српски службен совет, а ќе бидат презентирани и искуства од регионот.

Во политичка ситуација како сега, стопанствениците дополнително стравуваат зашто имаат проблеми со ликвидност и раскинување или пролонгирање на договори за инвестирање.

Македонија го интензивира извозот во Русија. Огромен е интересот за нашите производи на овој голем пазар, покажуваат најновите податоци за размената.

Честите постапки за поделба на наследството придонесоа дел од обработливите ниви да стане меѓи и пристапни патишта и да не се користи за производство на земјоделски култури. Третина од нивите во Македонија се необработени, а голем дел од парцелите е мал и расцепкан, што според земјоделците е главната причина што земјата не се обработува.
Грчките земјоделци вчера побараа од Владата на Алексис Ципрас до четврток да одржат средба со ресорните министри за да разговараат за нивните барања против промени на системот за социјална заштита и зголемувањето на даноците. Земјоделците, кои веќе неколку дена го блокираат граничниот премин Евзони на грчката страна од границата, предупредија дека ако не се испочитува рокот, тие ќе ги интензивираат протестите, односно дека ќе ја блокираат и пругата во Идомени или граничниот премин кај Дојран, кон кој во изминативе денови се пренасочуваа камионите и возилата што сакаат да ја преминат границата.

Во  2008 година јавниот долг изнесувал 1,55 милијарди евра или 23% од БДП. На крајот од 2016 задолженоста достигна 4,71 милијарди евра, или 50,1% од БДП,пишува Дојче веле.

Македонија со национален штад ќе се претстави на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“ што ќе се одржи од утре до 10 февруари во  Москва.

Страница 4 од 21

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на