wrapper

Флеш вести

Не се наведува сумата што Македонија ја бара на меѓународниот пазар на капитал, но дознаваме дека останува договорената сума од 650 милиони евра.

Петок, 15 Јули 2016 17:11

Одложена еврообврзницата

Македонија ја одложила понудата на еврообврзницата откако член на Социјалдемократскиот сојуз ја оспорил легалноста на нејзиното издавање, јави Ројтерс.

Македонија ја понуди обврзницата до 650 илјади евра на светските берзи. Новинската агенција Ројтерс, денеска објави дека еврообврзницата со рок на доспевање од 7 години е со камата од 5 проценти. Главни банки кои управуваат со еврообврзницата се Сити груп, Дојче банк, Сосиете женерал и Ерсте банк. Кредитниот рејтинг на Македонија е ББ- (стабилен) според Стандар и Пурс, додека Фич ја рангираше со оценка ББ+ (негативна).

Повеќе од 3.000 загрижени граѓанки и граѓани само за неколку дена се потпишаа на онлајн петицијата „Не за еврообврзницата! “, која беше објавена како револт од одлуката на Владата за нова еврообврзница до 650 милиони евра. На овој начин, како што за ЦИВИЛ изјави економскиот аналитичар Џевдет Хајредини, долгот на државата ќе се зголеми на пет милијарди евра!

Македонските иселеници во Италија, Германија, Швајцарија и во други европски, но и прекуокеански земји, како САД и Австралија, во овој период од годината ги користат одморите за да се вратат во родниот крај. Кога се враќаат во Македонија тие со себе носат и готовина, која ја трошат во земјава.

Додека овие луѓе се обидуваат да изведат „непријателско преземање“ на Макпетрол, Комисијата за хартии од вредност молчи.

Страницата „Јавен долг“ потсети на сите досегашни еврообврзници кои ги издаде Македонија, вклучувајќи ја и најавената од 650 милиони евра.

Владата издаде нова еврообврзница тешка 650 милиони евра. Одлуката за новото задолжување е објавена во Службен весник. Владата задолжувањето ќе го реализира годинава, а парите земјата ќе ги враќа 10 години. Обврзницата ќе биде издадена преку Дојче банк.

Само за три месеци надворешната задолженост на земјата се зголемила за 353 милиони евра, објави Народната банка. Заклучно со март, годинава надворешниот долг на земјата изнесува 6,7 милијарди евра или 70,1 отсто од Бруто домашниот производ.

Утре, освен задолжување, на домашен терен ќе се спроведе и раздолжување во вредност од 5,4 милиони евра.

Страница 10 од 19

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на