wrapper

Флеш вести

Понеделник, 20 Март 2017 20:27

Нимиц: Состојбата во Македонија е доведена во висок ризик и во опасност

Нимиц се надева дека ваквата состојба ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат во рамките на Уставот на Република Македонија.

Загрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека состојбата во државата е доведена во висок ризик и опасност со што ќе влијае врз безбедноста и стабилноста на Македонија, изјави медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц.

Нимиц се надева дека ваквата состојба ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат во рамките на Уставот на Република Македонија.

- Не би можел да дадам други оценки, бидејќи сум фокусиран исклучиво за прашањето околу името, но уште еднаш ќе ја изразам мојата голема загриженост за мирот и стабилноста во Македонија. Се надевам дека политичарите и народот ќе се справат со сите проблеми кои се појавија во државата - истакнува Нимиц. 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на