wrapper

Флеш вести

Петок, 28 Април 2017 18:57

Полицајци, цивили и еден пратеник меѓу примените во Ургентен

Во ургентниот центар на скопските клиники биле примени дваесетина повредени. Од нив пет или шест се полицајци, има еден пратеник, а останатите се цивили.

Пратеникот е во општа стабилна состојба. Моментно се прават испитувања за сите. Има двајца пациенти кои се на интензивна нега. Тие не се во животно загрозувачка состјба, но се на интензивен третман. Кај едниот од нив вечерва итно ќе се прави операција, информира д-р Илир Хасани, портпарол на Ургентен.

Вкупно 45 повредени лица во Собранието, меѓу кои тројца полицајци и обезбедување, се примени вечерва на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, изјави за МИА директорката на таа јавна здравствена установа Јасминка Чабуковска.

Таа рече дека четворица од нив се задржани на натамошно лекување.

МВР соопшти дека се проверува дали има и други повредени.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на