wrapper

Флеш вести

Недела, 05 Април 2015 19:54

Груевски: Никој не им се плаши, имаме сила да се спротивставивме на сите предизвици

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од народниот собир во Тетово порача дека не се плашат од сценаријата на  опозицијата и оти имаат сила да се спротивстават на сите предизвици.

- Нека не ве заплашуваат со разни сценарија! Никој не им се плаши на нив. Имаме сила да се спротивставиме на сите предизвици, заеднички, сложно, со збиени редови….Не е ова битка на живот или смрт. Тоа тие сакаат да го претстават. Тоа е политичка битка за тоа во каква Македонија сакате да живеете. Ние имаме чиста и јасна понуда. Ние нудиме проекти и нови можности. На нас можете да се потпрете, потенцира Груевски.

Ова што го прават Зоран Заев и неговиот ментор Бранко Црвенковски, додаде, ќе им се врати како бумеранг затоа што одбраа погрешен пат, затоа што одлучија да се здружат и да си ја продадат душата на некого, против интересите на државата.

- Ние сме тука пред вас, и јавно им порачуваме од Тетово, Македонија е посилна од вас, народот е помудар од Заев и неговата група, народот е нашиот бедем, со чисто срце и волја ќе се бориме за нашата Македонија и за секој еден наш граѓанин, и ќе работиме уште посилно и уште повеќе, рече Груевски.

 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на