wrapper

Флеш вести

Пред неколку денови во Скопје е отворен тестаментот на кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска, во кој е откриено дека таа целиот свој имот ѝ го остава на Република Македонија. Есма почина на 11 декември 2016 година по кратко боледување.

Клучот за решавање на институционалната криза во Македонија е кај ДУИ, но не верувам дека оттаму сакаат решение до крај, оценува универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети.

Политичката состојба во Македонија е трагична. Брисел треба да воведе таргетирани санкции кон претседателот Иванов и лица од ВМРО-ДПМНЕ, смета поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава, Ерван Фуере во разговор за ТВ 24. 

Во Македонија 84 отсто од населението е религиозно, 10 отсто нерелигиозно, а 1 отсто се изјаснуваат како атеисти. Дури 88 отсто од Македонците се изјаснуваат дека веруваат во Господ, 6 отсто не веруваат и исто толку не знаат дали веруваат или се без одговор на прашањето на анкетата што ја спроведе Брима Галуп врз репрезентативен примерок од 1.210 испитаници на возраст над 15 години во нивните домови.

Денеска се навршува пет години од трагедијата кај Смилковското Езеро, каде петмина скопјани, на Велики четврток беа убиени додека ловеа риба крај езерото.

ДНК-анализите покажуваат дека генетските разлики меѓу балканските народи се сосема мали и дека големата преселба на Словените е народен мит, пишува Есад Кучевиќ на Ал џезира

Рускиот производител на автомобили „АвтоВАЗ“ планира во 2017 година да испорача во Куба серија од околу 300 автомобили Лада. Ова го објави претседателот на компанијата Никола Мор на презентација на „АвтоВАЗ“ пред кубанските транспортни фирми во Хавана,пренесува ТАСС. Засега станува збор за два модела: Vesta и Largus.

Експертска група на УНЕСКО доаѓа вo Охрид, каде ќе извршат увид на дел од почнатите градби и планираните објекти покрај брегот на Охридското Езеро.

За време на посетата, генерал-мајор Мек Гваер ќе се сретне со министерот за одбрана Зоран Јоевски и со генерал-потполковник Величковски.

Трезорскиот работник Б.С. од трезорот украл 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Повеќе од 24 часа истражителите не знаат каде е.

Страница 2 од 126

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на