wrapper

Флеш вести

Од лидер во економскиот раст во Западен Балкан, Македонија, годинава ќе се најде на последно место, со раст од 2,8 проценти, прогнозира Светска банка во својот пролетен регионален извештај. Но дури и ваков економски раст, како што рекоа од Банката, ќе има само ако во првата половина од годината заврши политичката криза.

Македонија бележи позитивни резултати во однос на привлекувањето странски туристи, а најдобар показател за тоа е што во изминативе две децении, односно во периодот од 1996 до 2006 година нивниот број се зголемил трипати. Забележителен пораст на бројот на странци што престојувале во земјава има во периодот од 2006 до 2016 година, кога нивниот број се зголемил од 202.000 на над 510.000, или повеќе од двапати.

 

Деновиве, стана актуелна истрагата на СЈО за Антонио Милошоски, односно поднесените барања до Министерството за транспорт и врски и Управата за цивилно воздухопловство, за да се утврди дали пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ има авион или користел (изнајмени) авиони во периодот 2008-2015 година.

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ на денешното осмо продолжение на Конститутивната седница истакна дека ќе продолжат со процедурални забелешки, но нема да даваат реплики.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар, Оливер Спасовски денеска се сретна со шефот на НАТО канцеларијата во Македонија, Горазд Бартол.

„Недозволиво е државни институции да им овозможат увид на лицата за кои се вршат проверки“.

Панде Манојлев е македонски писател и новинар од Битола. Песната која тој ја напишал за Палестина, станала нивна химна и омилена песна на Арапскиот свет.

Предизвикувач на детската леукемија е прераното примање на вакцината против дифтерија, кое секое новороденче ја прима во вториот месец од животот. Тврдам дека ако детето ја прими вакцината подоцна, по 14. месец, кога ќе прооди, човештвото ќе се спаси од детската леукемија. Ова е хипотезата со која Петар Ивановски, четириесет и деветгодишниот доктор од Битола, кој работи на Медицинскиот факултет во Белград, ќе настапи на Светскиот конгрес на детска онкологија на 23 септември, во Ванкувер, Канада.

Крушевското село Свето Митрани го бие глас дека жителите толку многу ги поделила политиката што и мртовците ги носат во различен трем на опело пред погребот. Гласот се рашири до Битола и Прилеп, дека членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ од Свето Митрани умрените ги опеваат во едниот трем, а нивните политички опоненти од СДСМ во другиот. Тоа се објекти како капели кои се користат за погребални обреди и за задушници.

Кај Женска плажа на Охридско езеро во Струга, во вчерашниот најверојатно намерно предизвикан пожар, покрај трската, изгореле и млади лебеди и други птици, алармираат еко-активистите од овој град.

Страница 4 од 127

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на