wrapper

Флеш вести

Убедливото гласање за Резолуцијата за Република Македонија на денешниот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) е израз на интерес за Македонија да продолжи на европскиот пат и поддршка за политичка и економска стабилизација, порача известувачот за македонската држава во Европскиот парламент, Иво Вајгл во изјава за МИА по денешното гласање.

„Труст“ е насловена новата финансиска истрага на Специјалното јавно обвинителство во кое се осомничени три физички и три правни лица, кои со фалсификувана документација на тендер, прибавиле 1,6 милијарда денари.

СЈО не е вклучено во програмите и каталозите на обука ниту пак ги добива за да ги прочита, се вели во дописот на СЈО до Академијата.

Жителите на тетовското село Волковија стравуваат дека нестручните градежни активности можат да ги загрозат изворите од кои селото се снабдува со вода за пиење. Градежната фирма „Жикол“, која работи на изградба на објектот за воспитно-поправен дом за малолетници веднаш до селото, пред два дена започнала да врши градежни работи на самите извори.

Никола Груевски цели десет години злосторнички се однесуваше кон Македонија и нејзините национални и стратешки интереси, реагираше СДСМ на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објавени на неговата страна на Фејсбук и во интервју на Сител ТВ, во кои ја обвини партијата и лидерот Зоран Заев дека „сака да ја редефинира државата и дека удира по државните и националните интереси“.

Пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) договорија 28 компромисни амандмани, како замена за 318-те амандмани поднесени на Предлог-резолуцијата за Република Македонија. Пред второто разгледување на македонската резолуција во АФЕТ-групата што ќе се одржи денеска и гласањето за неа во Комитетот ден подоцна, европратениците усогласија 28 компромисни амандмани, кои содржат и термини „Македонија“, „македонски“ и слично, но исто така и предвидување дека македонската држава ќе добие нова влада, па се бара „транспарентна транзиција“.

Следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред да влезе кај претседателот Ѓорге Иванов за да му ги предаде 67-те потписи од пратеници со цел да го добие мандатот за состав на влада.

Пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска ќе го имаат второто разгледување на предлог-резолуцијата за Република Македонија.

Понеделник, 27 Февруари 2017 21:15

ДС: Македонија не е загрозена

Се повеќе се шират дезинформации преку социјалните мрежи, порталите и некои провладини медиуми, дека Македонија е загрозена, дека ќе се федерализира, кантонизира, дека постои странски заговор за разнебитување на државата, како и повици да се застане на браникот на одбраната на државата, дека треба пресметка со предавниците, се промовираат методите на Ќосето, се вршат поделби на наши и ваши во службите за безбедност и АРМ и слични будалштини, се со цел да се создаде атмосфера на страв и безизлезност, со нудење на единствена опција- воведување воена состојба односно да се изврши воено- полициски удар, велат од ДС.

Пред 26 дена, по консултациите со лидерите на политичките партии, претседателот Иванов изјави дека бара писмена гаранција за обезбедени 61 пратенички

Страница 7 од 121

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на