wrapper

Флеш вести

Знамето што пред четврт век се крена тука, на Рамна Нива, претставуваше јасна и недвосмислена порака дека ова е територија на суверена и независна држава. Држава која е мирољубива и отворена за соработка со сите добронамерници. Но, истовремено, држава со своја сопствена армија која е подготвена по секоја цена да ги штити територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.

Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле Етичкиот кодекс на јавните обвинители, заклучи Советот на јавни обвинители на денешната седница. Членовите на Советот одлучил да и даде препорака на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ја разгледа можноста за определување на друг јавен обвинител за застапување на предметот насилство во општина Центар.

Министерот за здравство Никола Тодоров не се откажува од идејата да ги контролира лекарите и медицинскиот персонал во државните болници преку отпечатоци на прст, па затоа упорно инсистира да започне примената на овој проект.

Сопственикот на „Трансмет" бизнисменот Сеад Кочан е недостапен за органите на прогонот. По вчерашното прифаќање на барањето за притвор и распишаната потерница, според неофицијалните информации со кои располагаат во Специјалното јавно обвинителство, Кочан сѐ уште не е притворен.

Германскиот весник Нојес Дојчланд денеска пишува дека интересот на големите сили за малата Македонија е поврзан со рускиот гасовод кој, преку Турција и Грција, треба да минува низ земјата.

Листата со земји со најголема невработеност е составена според последните податоци на Светската банка, а на првото место, односно земјата со „златен медал“ за невработеност e Џибути со стапка на невработеност од 54,0 проценти. Втора на листата е Конго со 46,10 проценти стапка на невработеност, а „бронзениот медал“ го заслужи Босна и Херцеговина со стапка од 41,87 проценти.

Се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на мнозинството членови на парламентот што побрзо да формираат влада, порача заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Брајан Хојт Ји, во Загреб.

Сè погласни се шпекулациите во дел од медиумите дека претседателот Ѓорге Иванов, во договор со Никола Груевски, со цел да го спречат формирањето влада на СДСМ и ДУИ, планирал да ја извади војската на улица, да прогласи вонредна состојба и да нареди апсење на челниците на СДСМ и ДУИ под изговор дека со тоа спречувал распад на земјата. Ваквото сценарио е само „луда идеја“, коментираат безбедносните експерти, кои тврдат дека врховниот командант во никој случај не смее да ја извади војската на улиците без претходно Собранието да прогласи воена или вонредна состојба.

На самитот на Европската унија месецов во Рим треба да се роди новата Европска унија со 27 членки, а целта ќе биде обновената интеграцијата во фокусот да го има единството, а не тоа да биде Европа со повеќе брзини, истакнуваат европски дипломатски извори, пренесуваат европските медиуми.

 

Испратена од Лидија Стефановска (FN07032017-4)
 

Овие фотографии го прикажуваат Охрид зимово без вода. Три од овие четри фотографии се фотографирани на 18/02/2017 година додека едната е направена малку порано.

Страница 9 од 126

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на