wrapper

Флеш вести

Понеделник, 02 Јануари 2017 08:03

Гласајте за Македонецот - Дете од Струмица ја занеме Германија

Единаесетгодишниот Кристијан Воденски од Струмица, кој живее во Германија и е познат во светот како македонски Брус Ли, се најде на листата помеѓу четирите најуспешни деца спортисти во Германија.

Гласањето за најдобар јуниор спортист во Германија е во тек и се одвива преку интернет, а познавачите на боречките способности на Кристијан не се сомневаат дека тој може да го освои првото место.

Инаку, Кристијан пред три месеци стана европски првак во граплинг на првенството кое што се одржа во Прага. Со борби против натпреварувачите од Чешка и Русија, тој стигна до златниот медал и ја освои титулата европски првак, а потоа со македонското знаме се искачи на тронот, каде што му беше врачена наградата.

Воденски со семејството живее во Офенбах и често е на страниците со спортски вести на познатите германски медиуми. Претставен е како еден од најголемите боречки таленти во повеќе вештини.

Сите кои што сакаат да гласаат за него, тоа можат да го сторат на следниот линк: https://germanfightnews.com/2016/12/29/kaempfer-des-jahres-2016-kids-fan-voting/

Сите 

 

 

 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на