wrapper

Флеш вести

Понеделник, 16 Јануари 2017 22:02

СП 2017: Македонија против Словенија ја има првата шанса за осминафинале

Во Б групата во Мец ривал на нашите ракометари е Словенија, селекција од која пред две години загубија во осминафинале во Доха (28:30).

Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево во дуелот со Словенија ќе ја има првата можност да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Франција. Во Б групата во Мец ривал на нашите ракометари е Словенија, селекција од која пред две години загубија во осминафинале во Доха (28:30).

Досега Македонија со оваа селекција има одиграно четири официјални дуели и има само една победа, на Европското првенство во Србија 2012 година во натпревар за 5.место.

Во таборот на Македонија се подготвени за предизвикот и натпреварот против фаворитот Словенија.

- Имаме два добри резултати. Потребна е концентрација во текот на целиот натпревар. Играта на Словенија ја познаваме, немаат слаб играч. Потребна е добра одбрана за да имаме добар резултат за осминафинале, но ќе биде потребно да се одигра и добар напад. Треба да се затвори средината и играта на нивните средни бекови и да ги спречиме нивните контри и полуконтри, изјави Влатко Митков.

Почетокот на натпреварот Македонија – Словенија е во 17 часот и 45 минути.

Покрај овој дуел, од Б групата во 3.коло играат уште и Шпанија – Ангола. Вчера Исланд и Тунис одиграа нершено 22:22.

Табела: Словенија 4 бодови, Македонија 4, Шпанија 4, Исланд 1, Тунис 1, Ангола 0. 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на