wrapper

Флеш вести

Среда, 01 Февруари 2017 00:49

Лазаров: Настапот на Македонија на СП е позитивен и ветувачки

 

Би сакал јавно да им се заблагодарам на колегите за големиот удел во оваа моја награда. Секогаш велам дека колективот е тој што го издвојува поединецот. Имавме добар колектив и одлична атмосфера како на Светското првенство во Хрватска и на Европското првенство во Србија, кога бев најдобар стрелец.
Тоа се клучните факти што ми помогнаа да дојдам до ова големо признание за мене и за Македонија како земја, ни изјави капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, откако со 50 гола стана најдобар стрелец на Светското првенство (СП) што заврши во Франција.

Лазаров настапот и играта на Македонија на СП во Франција ги оцени како позитивни и ветувачки.
- Настапот на Македонија на СП во Франција би го оценил како позитивен и ветувачки за во иднина. Се работи за почеток на олимписки циклус и, знаејќи ја систематската работа на Лино Червар, сигурен сум дека во иднина ќе бидеме само подобри, иако многу ми е жал што не бевме во можност комплетни, со Дејан Манасков и со Филип Миркуловски, да им се спротивставиме на Норвежаните. Да беа тие со нас приказната ќе беше многу поинаква, а факт е дека во четири дена одигравме три натпревари што бараат многу сила и труд. Огромна поддршка им давам на младите дебитанти затоа што и самиот сум го поминал нивниот пат и знам дека не е воопшто лесно, но мислам дека веќе за ЕП 2018 во Хрватска ќе ги имаме подготвени и на повисоко ниво - додаде Лазаров.
Франција и Норвешка се селекциите што му оставија позитивен впечаток на македонскиот капитен, а од играчите тој ги издвои Норвежаните Сандер Сагосен и Торбјорн Бергеруд, како и словенечките репрезентативци Марко Безјак и Блаж Јанц.

- Не видов многу ракометни новини на Мундијалот во Франција, ниту дефанзивно, ниту офанзивно. Единствено видов дека репрезентациите што имаат подолга клупа се во мала предност, која знаеја да ја искористат при игра со висок интензитет и да ги скршат противниците. Ние бевме најхрабрата и најиновативната репрезентација во Франција, бидејќи голем дел од натпреварите игравме со седум на шест и ги игравме најдобро од сите други селекции што воопшто пробуваа да ја играат таа формација. Исто така, бевме единствени што имавме отворена одбрана 5-1. Доколку добиеме квалитетна клупа во иднина, ќе бидеме многу незгодна селекција за сите противници - рече Лазаров.    

Та.Д.
 
ИНДИВИДУАЛЕН ТРОФЕЈ ЗА ВЛЕЗ ВО ИСТОРИЈАТА НА МУНДИЈАЛИТЕ
 
Со 50-те гола на шесте меча на Светското првенство (СП) во ракомет што заврши во Франција најдобриот македонски ракометар и капитен на репрезентацијата, Кирил Лазаров, вторпат во кариерата стигна до оваа индивидуална титула на мундијалите. 

Со тоа сега само Лазаров и Јужнокореецот Кјунг-Шин Јун биле повеќе од еднаш најдобри стрелци на светските првенства, кои се играат од 1938 година. Кјунг-Шин Јун ја делеше титулата на СП 1993 со уште двајца ракометари, Марк Баумгартнер (Швајцарија) и Јозеф Елес (Унгарија), а на следните две сам ја освојуваше.

Лазаров е сопственик на најдобриот скор и на европските и на светските првенства, со 61, односно со 92 гола. До првата титула најдобар стрелец тој стигна на СП во Хрватска пред осум години, кога во девет меча постигна 92 гола, потоа на ЕП 2012 во Србија со 61 го постави рекордот на европските првенства, а на веќе завршеното СП во Франција за да биде најдобар му беа доволни 50 гола.
 
 
 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на