wrapper

Флеш вести

Понеделник, 06 Февруари 2017 22:18

Пораз на вардарки во осминафиналето од Челенџ купот

Вториот тим на женскиот ракометен клуб Вардар попладнево во Шведска го одигра првиот осминафинален натпревар во Купот Челинџ против екипата на Х65 Хорс.

Ракометарките на Вардар СЦЈС, се убедливо поразени на гостувањето кај екипата на Х65 Хорс со 26-13. Прашањето околу победникот беше решено уште во полувреме кое Швеѓанките го добија со седум гола разлика 12:5, па во вториот дел само ја одржуваа и зголемуваа предноста која на крајот изнесуваше 13 гола разлика (26-13) .

Така реванш натпреварот закажан за 12 февруари во Скопје ќе биде само чиста формалност, па младите вардарки речиси невозможно е да го повторат успехот од минатата сезона кога се пласираа меѓу осумте најдобри екипи во ова натпреварување. 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на