wrapper

Флеш вести

Четврток, 23 Март 2017 20:56

Тричковски против Лихтенштајн очекува да ја потврди голгетерската форма

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски вечерва од 18:30 часот треба да го одржат официјалниот тренинг на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц.

Иван Тричковски се надева дека одличната голгетерска форма од настапите во својот клуб ќе ја пренесе и на репрезентативно ниво во „црвено-жолтиот“ дрес. Напаѓачот на АЕК Ларнака посакува да постигне гол на утрешниот дуел со Лихтенштајн.

- Желбата и мотивот не треба да ги нагласуваме. За нас приоритет е победа на натпреварот во петок. Одигравме одлично на претходните неколку натпревари, а сега се надевам дека тоа ќе го надградиме и со освојување на бодовите. Конечно ова е натпревар кој може да биде пресвртница за нас по сите негативности кои ни се случуваа во изминатиот период. Работи посветено, ја знаеме својата одговорност и зададените задачи од селекторот и одиме да успееме во намерата да победиме, вели Тричковски.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски вечерва од 18:30 часот треба да го одржат официјалниот тренинг на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц каде утре од 20:45 го играат квалификацискиот дуел од Г-групата за СП 2018.