wrapper

Флеш вести

Петок, 03 Април 2015 18:00

ВИДЕО: Додека Македонија слави, Гибралтар дава гол

Во период кога предвреме се простивме од уште еден квалификациски циклус за големите натпреварувања и тотално загубивме надеж дека некогаш ќе пркне македонската фудбалска репрезентација, пукна нов срам за македонскиот фудбал кој е хит и на странските медиуми.

Селекцијата на Македонија за играчи до 16 години не успеа да освои турнир ниту во друштво со репрезентации кои имаат ужасно слаб рејтинг. Со Малта и Гибралтар одигра нерешено и потоа ги победи на пенали, а Сан Марино каде повеќето од играчите се келнери и пожарникари го добија само 1:0.

Победник на турнирот е домаќинот Гибралтар, бидејќи славеше над Малта со 2:0 и Сан Марино со 3:0 во регуларниот дел, а израмнувањето против Македонија им успеа во судиското продолжение од мечот и тоа додека нашите млади надежи се радуваа за водството од 1:0.

Голот е регуларен и Гибралтар имаше право да ја изведе топката од центар, бидејќи сите македонски фудбалери се наоѓаат на својата половина. Некој требал да ги научи нашите репрезентативци колку време се троши на прослава на гол за да нема ваков резил, особено од последната фудбалска земја во светот која има 30.000 жители и е членка на УЕФА од пред само две години.

Мотајте на 91:30

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на