wrapper

Флеш вести

Единаесетгодишниот Кристијан Воденски од Струмица, кој живее во Германија и е познат во светот како македонски Брус Ли, се најде на листата помеѓу четирите најуспешни деца спортисти во Германија.

 

Најдобриот пласман во кариерата (сега е 206-та поединечно, а беше 200-та и 129-та во двојки) на ВТА-листата на најдобрата македонска тенисерка на сите времиња, младата тетовка Лина Ѓорческа (22) ѝ носи и нов настап на поголемите турнири. По првиот настап во кариерата на еден гранслем-турнир, кога летоска настапи во квалификациите за Отвореното првенство на САД, сега првиот настап во 2017 година ќе ѝ биде на првиот гранслем, во квалификациите за Австралија опен (АО).

Македонската Сениорска Фудбалска Репрезентација е без промени на најновата ФИФА ранг листа и 2016-та година ја завршува со најлошиот остварен пласман во историјата. 

Обвинителството во Германија покрена истрага откако на медиумите наводно им беше понудена најновата фотографија на седумкратниот шампион на Формула 1 Миахаел Шумахер.

Алекс Волкановски, кој живее во Австралија, а има потекло од Битола, е првиот македонски борец со победа во УФЦ. На настанот кој што се одржа во Мелбурн, битолчанецот го победи јапонскиот борец, Јусуке Касуја. 

Понеделник, 28 Ноември 2016 23:28

Арсиќ и Талески го покорија Татран

Ракометарите на Металург го надиграа словачкиот првак Татран Прешов 26-20 (11-10) и стигнаа до четврта победа во Лигата на шампиони (ЛШ), која им нуди шанси за пласман на втората позиција на табелата во групата Ц и место во баражот за пласман во осминафиналето од ЛШ.

По Дејан Недев и Мила Саздова во поединечна конкуренција, македонската репрезентација во традиционално карате стигна и до третиот златен медал на ЕТКФ Европското првенство во Крањска Гора, Словенија.

Македонскиот вицепрвак попладнево на гостувањето во Норвешка, славеше победа над Елверум со 31-26.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа третата победа во АБА лигата откако вечерва во рамките на 10. коло го совладаа ФМП со 89:68. Резултат по четвртини: 26:14; 23:18; 22:18 и 18:18.

Македонскиот шаховски првак Алкалоид постигна историски резултат на 32-от Европски клупски куп (ЕКК) во Нови Сад, освојувајќи го првото место, златниот медал и шампионскиот пехар. Ова е првпат македонски шаховски клуб да освои медал на ЕКК, што го прави успехот уште позначаен. 
Во последното коло Алкалоид, како и во претходното, по голема борба одигра 3-3 со рускиот претставник Легаци Сквер Москва, што беше доволно со вкупно 12 бода (пет победи и две ремија, без пораз), да стане владетел на европскиот клупски шах.

Страница 2 од 29