wrapper

Флеш вести

14-члената македонска експедиција пристигна во Рио каде в петок со церемонијата на свеченото отворање ќе започне Летната Олимпијада.

Македонија настапува под уставно име на Олимписките Игри во Бразил. На официјалниот сајт на Рио 2016, во листата на земји учеснички, организаторот го навел уставното име на државата и покрај тоа што Македонија во Светскиот Олимписки Комитет е примена под привремената референца БЈРМ.

Од денеска до 7 август, Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б. На шампионатот чии натпревари ќе се играат салите на спортските центри „Борис Трајковски’’, „Јане Сандански“ и „Кале’’, покрај јуниорската репрезентација на Македонија ќе настапат уште 23 селекци.

Екипата на Вардар на 27 јули (среда) ќе ги почне подготовките за новата сезона 2016/2017. Првиот собир ќе биде во СЦ „Јане Сандански" во 10 часот.

Македонскиот олимписки комитет во последен момент донесе одлука за вклучување на Марко Блажевски во тимот кој ќе учествува на Олимписките игри во Рио.

31-годишниот фудбалер ги префрли сите 275 илјади евра кои ги доби како бонус за победата на ЕВРО 2016 на фонд за борба со детските канцерогени заболувања.

Тој е еден од ретките луѓе кои можат да се пофалат дека во текот на летувањето 20 минути ја деле јахтата со најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси.

Македонија, утре, во рамките на 2. коло ќе игра против селекцијата на Црна Гора.

Македонските каратисти Симона Заборска, Сара Радичевска (Макпетрол) и Мартин Несторовски (Металург) се закитија со медали на Европските универзитетски игри во Хрватска.

Точно 100 дена до почетокот на Летните олимписки игри во Рио. Светот се подготвува за најголемиот свој спортски собир, а Македонија заокружува уште еден олимписки циклус за плачење.

На 100 дена пред почетокот на игрите, Македонија има само двајца спортисти со обезбедена Б-норма, и како по обичај од изминатите циклуси ниту еден со А норма. На претходните Летни олимписки игри во Лондон 2012 Македонија немаше ниту еден спортист со исполнета норма, а четири години пред тоа само кајакарот Атанас Николовски настапи со норма на ЛОИ во Пекинг.

Овој пат уште една скромна олимписка приказна за македонскиот спорт. Единствени со Б-норма од македонските спортисти се пливачите Марко Блажевски (400 метри мешано) и Анастасија Богдановски (100 и 200 метри слободно). Покрај нив, параолимписки норми за „Рио 2016“ обезбедија и стрелците Ванчо Каранфилов и Оливера Биковска – Наков. И, тоа е се!

А, за овој циклус, Македонскиот олимписки комитет (МОК), согласно олимписката програма, обезбеди 11 стипендии за македонски спортисти од поединечните спортови. Покрај пливачите Блажевски и Богдановски, по 800 долари добија и борачите Јасин Реџалари, Дејан Митров и Бобан Данов, а по 666 долари добиваа Катерина Николоска (џудо), Нина Балабан (стрелаштво), Ана Николовска (стрелаштво), Ристе Пандев (атлетика), Валбона Селими (атлетика) и Јован Јовановски (велосипедизам). И ниту еден од нив не успеа да се избори за олимписка норма.

За борачите останува уште квалификацискиот турнир во Истанбул, Турција, од 6. до 8. Мај, но сосема е јасно, согласно и претходните настапи, а и конкуренцијата која сега е засилена пред Игрите, дека сето тоа ќе биде речиси невозможна мисија.

Како по обичај, на крај, ни останува уште можноста за плус некој спортисти преку вајлд-картите кои ги доделува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). За вајлд-карта се надеваат атлетичарите, ако се знае дека и претходно секогаш сме ја добивале, како и стрелачката Нина Балабан, која ги има исполнето основните услови да добие покана од Интернационалната федерација.

Неуспешна „натурализација“…

МОК за ЛОИ во Рио 2016 планираше и со помош на натурализација да се обидеме да дојдеме до евентуално помасовно учество и медал на Олимписките игри.

Но, Хрватката Петра Матијашевиќ на квалификациите во јануари не успеа да си обезбеди место во историјата, како прва наша олимпијка во таеквондо.

Luka Zaloznik

Словенецот Лука Заложник, по промената на националното знаме, согласно правилата на интернационалната федерација, ќе мора до крај на август оваа година да паузира пред да стане Македонец, па на ЛОИ во коњички спортови ќе може да го очекуваме во Токио 2020. Иако, тогаш ќе има веќе 36 години.

Ниту натурализираните борачи не успеаја да се изборат досега за олимписка норма. Досега Македонија во борењето ја претставувале пет натурализирани борачи, Валериј Верхушин, Могамед Ибрагимов, Шихамир Османов, Насир Гаџиханов и Мурат Рамазанов, а единствен наш медалист е Ибрагимов.

Останува надежта за Поп-Ацев

Македонија неодамна ја изгуби можност и за првпат на едни Олимписки игри да има место и во екипните спортови, откако машката ракометна репрезентација не успеа да го мине квалификацискиот турнир во Гдањск.

Останува за нас надежта и за најдобриот маратонец Евгениј Поп Ацев. Но, Поп Ацев ќе треба во јули оваа година да победи на трката на 10 километри во Сетубал, Португалија, доколку сака место во Рио де Жанеиро.

Како и да е, оваа година во Рио, од 5. до 21. август се очекуваат околу 10.500 спортисти од рекордни 206 земји од светот. Првпат самостојно ќе има и претставници од Косови и од Јужен Судан, а нови спортови се рагби седум и голфот.

Страница 6 од 29

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на