wrapper

Флеш вести

Среда, 06 Април 2016 18:41

Научници успешно отстранија ХИВ вирус од човечката ДНК

Научниците и истражувачите направиле важен чекор кон безбедното отстранување на ХИВ вирусот од човечкиот имунолошки систем и запирањето на неговото повторно појавување.

 

Како што објаснуваат во научните забелешки, истражувачите требало да го нападнат вирусот онаму каде што се криел: Во човечката ДНК. ХИВ вирусот примарно цели на делот од белите крвни клетки, кој е витален во борењето на организмот со инфекциите, наречен ЦД4+ и се интегрира во клеточната ДНК. Напаѓањето на вирусот не е лесно, бидејќи неговото уништување може лесно да ги уништи и имунолошките клетки, што во никој случај не е добар резултат. За да го нападнат само вирусот, научниците користеле еден систем за уредување на гените наречен CRISPR/Cas9.

Системот ја скенира клеточната ДНК додека не ја пронајде секвенцата на вирусната ДНК, а потоа ја дели таа секвенца, го отстранува вирусот и одново ги поврзува двата краја. Најдобриот дел е тоа што процесот не ѝ наштетува на клетката, не ја загрозува нејзината функција и ја прави отпорна на повторното појавување на вирусот.

„Антиретровирусните лекови се многу добри во контролирањето на ХИВ инфекцијата, но пациентите изложени на ваквата терапија патат од забрзано повторно појавување на вирусот, доколку го запрат третманот“, вели главниот истражувач Камел Калили.

Клучно е да се спомне дека иако клетките во оваа студија биле човечки, сепак не биле внатре во еден човек, што значи дека сè уште постојат многу пречки кои треба да се преминат пред генетското уредување да биде користено како терапија. Но, ова истражување сепак покажува дека лекувањето е теоретски и делумно практично возможно, што им ја дава и потребната самодоверба на научниците да продолжат напред.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на