wrapper

Флеш вести

Петок, 14 Април 2017 06:55

Велики Петок : Најтажниот ден во христијанството

Православните верници го одбележуваат Велики петок, во знак на сеќавањето на денот кога Исус е распнат на крстот. Тоа е ден на голема христијанска жалост и се одбележува со строг пост, воздржување од веселби и прослави, а во народната традиција е ден кога не се работат поголемите работи во полето и домот.

Овој ден се смета за најтажен ден во христијанството и на тој ден се служи литургија во црквите. Од Велики четврток до Велигден не ѕвонат ѕвоната во црквите, бидејќи ѕвоната во православната црква претставуваат радост.

На Велики петок треба да им се помогне на оние кои имаат потреба од помош, да се посети и негува болниот, а изгубениот да се упати на правиот пат. Воскресението на Исус Христос ги соединува светот и рајот, а рајот постои во луѓето по покаението, давајќи ни надеж дека живеењето во покајание не е залудно живеење.

На овој ден не треба да се работат куќните работи, ниту работите во полето. Не треба да се зема игла во рацете, бидејќи се верува дека ќе избијат пликови на кожата. Тој ден е строг пост, не се пали оган во домот. Според некои верувања, девојките кои на Велики петок ќе украдат цвеќе од црквената порта и го стават под перница во текот на ноќта во очи на Велика Сабота, ќе го сонуваат својот иден маж. Се верува и дека оние кои ќе ја измијат главата на овој ден ќе  немаат главоболки.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на