wrapper

Флеш вести

Вторник, 18 Април 2017 22:09

Христијаните и муслиманите од Сопиште заедно ги одбележаа велигденските празници

Со кршење јајца и кревање чаши муслиманските и православните жители на Општина Сопиште денеска го славеа Велигден. Семејствата на Зоран Симоновски и Томислав Алексовски им беа домаќини на муслиманските соседи од селата Света Петка и Чифлик кои им дојдоа на гости. Граѓаните од регионот се потсетуваатдека порано бројноста за граѓаните кои доаѓаат била поголема, но во последно време поради политичката ситуација традицијата се сведува на индивидуални посети во семејствата.

 

Гостите од Света Петка и Чифлик велат дека оваа традиција ја одржувале и нивните дедовци и прадедовци. Велат дека политичката криза не треба да ги нарушува долгите меѓуетничките односи.

“Сакаме тука да живееме заедно и не сакаме да ги расипеме односите поради политиките на некој во Македонија. Да им покажеме на граѓаните во Македонија дека ние навистина имаме соживот и си живееме. Мирот може да ни го расипе политиката. Оваа политика треба да прекине и да не подбуцнува бидејќи тоа не е добро за граѓаните и за нашите деца.” – вели Мазлам Латифи, Света Петка

“Ни честитаат секоја година, за секој Бајрам ни доаѓаа. Овој се вика Томе, овој Зоран, тој таму Илија. Се собираат неколкумина. Не идат за јадење и пиење, туку да ни изразат почитување. Затоа доброто треба да се враќа со добро колку што можеме.” – вели Назми Мухареми, Света Петка

На свечената трпеза кај домаќините имаше разно-разна храна и слатки, а клучна беше корпата со црвени јајца. Црвената боја на велигденското јајце ја претставува пролејаната крв на Исус, а силната лушпа на вареното јајце го претставува гробот на Исус. Традицијата на удирање и кршење на јајцето, подразбира отворање на гробот и воскреснување на Исус, односно повторно раѓање на животот.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на