wrapper

Флеш вести

Среда, 26 Април 2017 18:59

Каменот на среќата во црквата „Света Недела“ досега кренал на нозе многу деца

Во близина на Велес, над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа црквата „Св. Недела“. И таа како и „Св. Петка“, „Св. Никола“, „Св. Јован“ е во опкружувањето на манастирот „Св. Димитрија“. Оваа црква двапати во годината оживува на Свети Тома и на Света Недела. Многумина од гостите доаѓаат и заради каменот на среќата. Се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат.

– За овој камен знаеме по кажувањето на баба Деница кога бевме уште деца. Таа ни објаснуваше дека трипати треба да се мине низ него, низ овој отвор. Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за општа среќа. Треба да се мине трипати или еднаш. Овие места даваат помош, ама треба да се има и силна верба во Бога. Може да се дојде на посета по празникот Св. Јован Kрстител откако ќе се крстат водите, но никако во време на пости. Многу деца тој кренал на нозе – вели посетителка, која умешно се спушташе низ тесниот отвор.

Тоа го стори три пати. Но, иако местото беше стрмно, а веднаш под него е амбис, а подолу реката Тополка, објаснува дека досега никој не се повредил, не се лизнал или паднал. Не подаде рака да побара помош да се симне од луѓето што беа тука, оти не требало помош од присутните, вели таа.

Некои од посетителите велат дека може да се замисли и некоја желба додека се минува низ камениот отвор. Сите храмови што се околу манастирот „Св. Димитрија“ се поврзани со некој мит, легенда дека се лековите преку водите.

Црквата „Св. Недела“ е поставена на една нерамна карпеста височина, прилично стрмна над брегот од реката Тополка. Блиску е до „Kалето“ од Стариот град Велес и, во свое време му служела како храм за овој локалитет. Црквата изгледа како нова поради зачуваноста и надворешниот облик за разлика од фреските што според стручните лица потекнуваат од времето на византискиот период. Kон црквата води една мошне стрмна патека. Црквата е на шилеста карпа, на височина од околу стотина метри и надвисната на реката Тополка од нејзината лева страна при самото нејзино устие во Вардар, а од источната страна над пругата Велес — Гевгелија.

Велешани масовно ја посетуваат во првата недела по Велигден, на Томина недела и на Св. Недела во јули.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на