wrapper

Флеш вести

Понеделник, 27 Април 2015 20:36

До тебе – до оној кој ни го зеде најмилото

Се до денес молчев. Гневот го чував во себе веќе три недели. Но денес ќе проговорам. На оној кој ми го зеде онаа кое ми беше највредно, она без кое денес јас не сум јас, она без кое повеќе животот не е живот.

Се прашувам каде е твојата совест, се прашувам каде е таа човечност која треба да постои во секој човек.

Се прашувам што таа ти имаше згрешено па вака и стори. Зарем не заслужуваше едно девојче од 19години да добие помош? Зарем не застана? Зарем не и пружи помош? Зарем не се обиде дури ниту да ја избегнеш, дури ниту да закочиш? Зарем бегањето после такво злосторство, после таков чин те направи нешто повеќе?
Ни зеде се, дури и не се потруди да и помогнеш. Дури се прашувам дали ти си тој кој се вратил во полициската станица. Се прашувам кое е твоето вистинско име, кој е твојот вистински лик, се прашувам кој е човекот кој те замени?
Се прашувам дали воопшто си човек?
Се прашувам каков сон имаш секоја ноќ, се прашувам како е да знаеш дека зеде невин живот и мирно да живееш..Се прашувам дали ти е мирна совеста?
Судејќи по тоа што го слушнав, судејќи по тоа што не застана да укажеш помош, судејќи по тоа што не се обиде ништо да направиш за да го спречиш ова злостворство, разбирам дека ти воопшто не си човек, разбрав дека денес можеби и живееш со мирна совест, можеби и спиеш со мирна совест.
Дали совесен човек вози со 160 на булевар, на улица која постојано поминуваат пешаци..?

Додека солзите се тркалаат една по друга, гневот за тебе се повеќе се зголемува, знаејќи дека на Партизанска остави млад живот да венее.
Како е кога повторно поминуваш низ таа улица, како е кога ти текнува на нејзините родители, на нејзината сестра?
Како е да знаеш дека уби млад живот, уби млади соништа.
Ти и го зеде животот и ги зеде соништата. Ти ни го зеде најмилото, најсикреното.
Ти ми го зеде она во кое верував, она во кое се надевав.
Ми ја зеде најдобрата другарка.
Ми ја зеде нејзината прегратка..
Направи да се чувствувам цел живот осамено. Цел живот да жалам и тагувам.
Ти не направи несреќа, ти уби млад живот.
Ти си убиец на девојче кое имаше само 19 години, кое цел живот се бореше за своите сонови, кое желно посакуваше да стане инжинер.
Дали размисли какви може да се последиците? Дали ти беше важен фактот дека некој невин настрадал?
Денес, кога веќе нема назад, денес кога сеуште така боли, кога секој ден болката се повеќе се зголемува, те молам за малку човечност.
Кога знаеше да изиграваш маж низ улиците, биди маж и признај го своето дело! Излези пред нејзините најблиски! Покажи го своето лице кое успеваш толку добро да го сокриеш. Кога сакаше да излезеш маж, остани маж до крај! Биди човек кој одговара за своите постапки..
Бидејќи ти уби невино девојче и направи со неа да венеат илјадници животи кои секојденевно живеат без живот.

-Јакимовска Исидора

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на