wrapper

Флеш вести

Роберт Мугабе, претседателот на Зимбабве решил да затвори двајца мажи кои јавно ја демонстрирале нивната сексуална определба и наводно сакале да се венчаат.

Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Најпрво, треба да расчистите, дали припаѓате на делот од верниците кои ги следат народните традиции, кои во себе во многу содржат пагански делови, традиции на други народи, односно, дали верата и црквата, односот со Бог го сфаќате како должничко – доверителски однос (ќе ти запалам свеќа – ако ми дадеш здравје), или, припаѓате на втората група верници, кои секоја недела одат на литургија, ги постат четирите годишни пости, не бараат од Бога, туку само му заблагодаруваат што се живи и за се што им се случува во животот, се исповедаат и ја примаат светата тајна причест!

За да ви стане појасно ова, еве еден цитат од Митрополитот Струмички Наум:

“Секој празник во Црквата има една и единствена цел – причестување со Светите Тајни Христови.

Без остварување на оваа цел,може да стане збор за сѐ, само не и за верско и побожно славење на Бог!”

 

Сепак, преку ноќ  не може да се сменат навиките и убедувањата, ама од некаде треба да се започне. Би било добро тоа да биде Бадниковата трпеза!

 

Еве што таа треба да содржи:

Бидејќи последниот ден пред Христовото Раѓање, Божиќ, е строг пост, се подразбира дека на трпезата не треба да има јадења кои содржат масло, уште помалку риба!

Па така, на трпезата може да имате посно гравче, посна леќа, или некое друго вариво од зеленчук. 
Варени или печени костени, варена пченица, макало од грав и компир, јаткасто овошје, овошје...

Постот на вода исто така подразбира дека не треба да се пие алкохол, па така, виното оставете го за Божиќ.

Лебчето со паричка, според православната традиција, се прави на Василица, не на Бадник.

 

Задолжително, пред почетокот на ручекот или вечерата, треба да се каже молитвата кон Бога.

 

Како да приготвите посно гравче на вода:

 

За четири лица

 

- 300 г. бел грав

- 2 средни моркови

- 1 голем компир

- 1 страк праз

- 1 средна главица кромид

половина домат

половина црвена пиперка

половина чешне лук

- 5 г. свеж ѓумбир

- сол по желба

 

Гравот се кисне преку ноќ, потоа се зоврива во една вода која се исфрла.

Потоа се налева повторно со ладна вода, се додава останатиот зеленчук и се вари околу 1/5 до 2 часа на средна температура.

Кога ќе биде сварен гравот се исклучува топлината, но не се трга на страна, се блендира сиот зеленчук и се враќа назад, постојано мешајќи дури не се соедини содржината.

 

Вака подготвен без масло, гравот, освен што е превкусен, добива дополнително здрава димензија.

 

Доколку на Бадниковата трпеза сакате да има и нешто благо, еве еден рецепт:

 

 

 

 

Посна мрзлива пита со јаболка (за пост на вода)

 

Потребни состојки:

За тесто:

250 мл мед

250 мл пиво

2 лажици шеќер

Рендана кора од ½ лимон

½ кесичка сода бикарбона

400 г брашно, по потреба

За фил (се мешаат сите состојки заедно):

7-8 рендани јаболка

2 лажици гриз

2 лажици мед

Цимет, каранфилче, мускантно оревче, по малку, според вкус

Рендана кора од ½ лимон

 

 

Подготовка:

Се меша медот во пивото додека да се растопи. Потоа му се додаваат останатите состојки, а брашното по потреба се додава, додека да се замеси меко тесто.

Тестото се дели на два дела, а од секој дел се расукува кора. Првата кора се става на плех обложен со хартија, па врз него се реди филот, и најпосле, со помош на оклагијата, се покрива и втората кора. 

Се боцка неколку пати со вилушка па се пече во рерна на умерена температура, додека да добие златножолта боја.

Одозгора се посипува со ванилин шеќер.

 

Питата има неодолив мирис!

Охриѓанка очајно моли за помош во потрагата на својата биолошка мајка.

Продолжува агонијата на 31 годишната девојка која е родена во Охрид а целиот живот го мина посвоена во Скопје. Упорно не се откажува моли за помош за било каква информации за нејзината биолошка мајка.

Еден од најпознатите и најтрагичните бродови на сите времиња, Титаник, потона во април 1912 година на пат од Саутемптон кон Њујорк, при што животот го загубија над 1.500 патници и членови на екипажот, а повеќе од еден век се веруваше дека трагедијата ја предизвика леден брег во кој удрил бродот.

Пaтниниците на летот од Шангај спрема Сан Франциско имале прилика двапати да ја прослават новата година. Имено авионот "Јунајтед Еирлајнс УА890 (Boing 787-900)"  полетал од Кина  на 1 јануари 2017. година и слетал во Сан Франциско на 31 декмеври 2016 година.

Уште пред две години, мојата стара мајка падна, го скрши колкот и заврши во постела. Оттогаш нејзините витални функции и нормалниот живот завршија.

После операцијата на колкот остана да лежи во постела цели две години. Докторите доаѓаа во домашна посета и и' даваа терапија... Но сето тоа беше безуспешно.

Од ден на ден беше се' послаба и се разболуваше од разноразни болести.

Одлучив своеволно да побарам лек, па се распрашував за сите можни начини.

Имав некое чувство дека ќе успеам да пронајдам народен, природен лек. На крајот успеав.

Лекот го добив од еден билкар од блиското село.

Потребни состојки:

-магдонос 

-рузмарин 

-ловоров лист 

-литар ракија 

-мед 

-ѓумбир

Постапка:

Постапка:

Сите состојки се ставаат во еден литар ракија, а количината беше произволна. 

Лекот се остава да стои 15 денови, а се консумира секое утро и вечер, по една супена лажица.

 

И денес сум му благодарна на билкарот за овој неверојатен лек.

Отец Бобан Митевски, заедно со Архимандритот Агатон, локалниот свештеник на црквата во Трубарево, отец Бобан Богдановски и свштеникот Горан Стојчевски, вечерва служеа Акатис, или црковно богослужение посветено на Богородица, во црквата Св. Ѓорги во Трубарево, каде од вчера мироточи иконата на „Пресвета Богородица“.

Нура Аркавази, курдска муслиманка и православниот Боби Додевски се вљубиле набрзо откако се сретнале на калливата граница на почетокот на март.

Оваа иновативна алатка им помага на корисниците да си ги наполнат своите уреди користејќи соларна енергија директно од прозорецот

Страница 8 од 52

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на