wrapper

Флеш вести


Дали научивме нешто од нашето минато или пак ќе продолжиме да ги повторуваме истите грешки во недоглед? На политичката сцена во Македонија за последниве 26 години не постои ниту идеолошка "Десница" , ниту "Левица", ниту "Позиција", ниту "Опозиција",туку алчна ,криминална Глутница и безсрамна морална Блудница.

" Договор" потпишан на туѓ јазик во екстра територијална институција е срамно и неприфатливо кршење на Македонскиот идентитет, Македонската самоопределба, на Македонскиот устав, сувереност, независност, и демократија, и како таков не смее да биде прифатен како важечки !

Недела, 19 Јуни 2016 17:52

ГЛУПАВИ ЛУДАЦИ

Улогата на маченик што ќе биде пуштен низ вода му е доделена на глумецот од Битола. За да заборавиме кој беше помилуван за шест кривични дела.

Како Потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес јавно се оградувам од некои ставови на Претседателот на Конгресот Тодор Петров.После се што се случува во Македонија, да тврдиш упорно,тврдоглаво и неосновано, како што тоа тој го прави, дека "Македонија е независна суверена и демократска држава" значи да живееш во свет на Утопија во која го сонуваш детскиот сон за она што го посакуваш да биде , но за жал не е!

Среда, 18 Мај 2016 20:01

ПАТРИОТИЗАМ

Кога државата и народот е во некаква турбуленција тогаш најчесто изговаран збор е токму овој - ПАТРИОТИЗАМ. Што подразбира овој збор? Кој го изговара и за кои цели? Што значи да бидеш искрен патриот и да спроведуваш патриотизам? 
Знаете како тоа го подразбираат нашите политичари а како големите умови?
Ви предлагаме да прочитате неколку мисли на познати лидери на оваа тема.

Често пати си размислувам каков човек сум. Добар или лош? Целиот живот се трудам да направам нешто подобро од она што сум го направил вчера. Гледам да доизградам уште еден кат од мојата идеја, од мојата цел во животот, да одам напред и покрај сите сопки што ми ги прават луѓето, оние кои попатно ќе ги сренам во мојот живот.

Ако СДСМ протестира пред Уставниот суд, тогаш нека имаат два прста образ и Заев нека го остават дома (или на карневал).


Секој печатен или електронски медиум настојува да пишува за интересни случувања, се разбира, за да биде читан. На тој начин, печатениот медиум станува популарен и продаван, а секако заработува и пари.

Четврток, 18 Февруари 2016 21:07

ГДОМ, расол и нужда… голема!

Си  беа еднаш едни ГДОМ… Опа! Извинете, морам по голема нужда. Одма се враќам…

Вторник, 12 Јануари 2016 05:25

Нашите во белиот и црниот свет

На прв поглед, колумната на Каракамишева е сонот на секој колумнист: огромна читаност, бура на реакции и коментари (духовити, аргументирани, ама некои дури и навредливи), па дури и отворени писма од брилијантни млади луѓе иселени низ светот. Се двоумев дали од глупави личности да правам славни, ама по наговор на мојот „репрезентативен примерок“ (а богами јас ги имам многу повеќе од 30-тина, бидејќи меѓу нив не ми се само членовите на семејството, туку и бившите студенти) решив и да напишам нешто за „Белиот свет“, кој според Каракамишева е „Црн свет“ на робување и сиромаштија. (Ако ова несериозно писание се земе сериозно, излегува дека Македонија е и болеста и лекот за депресивните и неостварените). Да појаснам, колумнава ниту ја пишувам во својство на професор, ниту ќе тврдам дека она што ќе го соопштам е резултат на научна промисла; уште помалку ќе понудам препораки до власта како да го запре процесот на ислеување. Мојата прогноза е дека Македонија нема да се оправи ни за сто години, па на младите им велам дека имаат еден живот и ги советувам да си ја бараат среќата без да го носат на плеќи крстот на „патриотизмот“ кон држава која со ништо не заслужила да жалат по неа бидејќи се однесувала како маќеа, а не мајка. Патем, дури и од таму ќе можат да станат пратеници и министри, ако им се „посреќи“!

Оваа колумна е напишана од некој кој се докажал во „Белиот свет“, но (за жал) се вратил од пуста (и наивна) љубов кон Македонија. Пишувам и како мајка на три ќерки, кои заминаа уште пред да имаат време сериозно да се вљубат, за да имаат скршени срца. Според критериумите на Каракамишева (и конзервативците), може да се каже дека сме од редот на нефункционални семејства: разведена и непремажена (за разлика од Каракамишева) можеби сум уште „понеостварена“. Ќе ми преречат дека не е пристојно да се пишува колумна во прво лице, но ако може да суди некој кој не работел во странство, нема меѓународна кариера, уште помалку искуство на мајка која си ги испратила децата преку океан, тогаш и јас ќе напишам некој збор. Патем, ако Каракамишева продолжи во ваков стил да ја навредува не само дијаспората, туку и сите времено или трајно иселени, а уште повеќе нивните семејства овде, на владејачката партија ѝ е попаметно да ја замоли да замолчи барем пред избори. Пишувањето нонсенс во колумни не е деликт, ниту има директна корелација со академскиот профил на авторката.

Но, ако таа колумните ги „пакува“ во квази-научна методолошка рамка, тогаш постои основан сомнеж и за нејзиниот научен капацитет (иако е член на Одборот за акредитација). Малкумина посочија дека уште во насловот таа користи стереотип (Мујо), што текстот го прави дополнително дискриминаторски, патерналистички и недоличен. Потем, да пишуваш за иселувања и за „клуб на скршени срца“ во време кога луѓе – бегалци и мигранти – буквално умираат на границата е подеднакво невкусно. Ние тука, ама и во регионот, сме печалбарски народи од дамнина. Вклучително и дедо ми, кој бегајќи од војни и сиромаштија стасал до Александрија, Во СФРЈ зборувавме за „привремено вработени во странство“, а и денес мнозина живеат од дознаките од странство.

Она што Каракамишева не сака да го види е новиот бран на иселеништво. „Одливот на мозоци“ не е одлив на скршени срца, ниту криза на семејните и духовните вредности. Економските причини немаат лик на гола беда, туку лик на однапред одземена иднина. Најмаргинализираните се со најтешки пранги врзани за земјата (и за партиите); ни до граница не можат да стасаат (ги симнуваат од автобусите, па и од авиони, ги депортираат, како што видовме тоа во примерот на бројни сиромашни ромски и албански семејства). Она што се случува е многу попогубно за иднината на земјата одошто Каракамишева може и да замисли: нашето највредно и најсакано заминува, своите капацитети ги нуди на други држави, а овде остануваат само оние кои мораат. (Патем, ако професионални војници бегаат и стануваат контрактори, што да кажеме за другите!?) Нам ни се кинат срцата додека со (наместена) насмевка ги охрабруваме децата да летнат таму каде што небото е лимитот, а не партизираната и неспособна држава.

Се кине од уста, како и од срце, се земаат кредити (па дури и владини стипендии) за децата да добијат не само голи дипломи, туку и знаење, да не живеат зависни од партиската книшка и во поданичка средина во која не победува најдобриот, туку најлојалниот. Во светлина на теоријата на Каракамишева, мојот случај е парадоксален: по разводот, таткото на моите деца со два доктората (а без шанса да се вработи на Правниот факултет) доби работа во Судот за воени злосторства во Руанда, а потоа премина во УНЕСКО. Нашата „семејна нефункционалност“ значеше шанса (т.е. стипендии) за децата. Најмалата ги завршува студиите, но постарите веќе целосно искусија што е држава која го цени умот и која не дискриминира: магистерските и докторските студии, па и асистентска плата, им плаќаше Канада. Постдокторските студии ги реализираат во врвни лаборатории, со ментори нималку налик на нашите, со солидни плати, освоени награди и бројни статии со висок импакт фактор (во „Нејчр“, на пример); на добар пат да стекнат државјанство и станат професори.

Да се вратат овде никој нема да ги вработи; како што вели еден доктор на науки во Германија: јас ја сакам Македонија, ама таа не ми ја возвраќа љубовта. Најмногу ме боли што не можам да му бидам вистинска баба на Дарио, ама сум горда што ќерките не беа плачки кои се држат за мајчината „престилка“. Нивниот успех е само нивен, а не на мама или тато. Никој не им ги пребројува гените, туку „сивите ќелии“. Работат макотрпно, и во викенди и во празници (како и јас овде, или нивниот 90-годишен професор, Нобеловец). Како таа „зависност од работа“ (workaholism) да му ја објасниш на некој за кој професурата е статусен симбол и начин за доаѓање на функции, или водење радио-емисии? Тоа е ситуација кога работата ти е страст, не е обврска; кога на работа не пиеш кафиња и не озборуваш, туку создаваш. Целосно остварена личност стануваш кога ќе ги надминеш наметнатите „традиционалните улоги/вредности“ (мајка, сопруга, снаа, бла-бла).

Деца ми пораснаа со родители-зависници од работа, и сега низ своето искуство сфаќаат дека освен умот друг капитал немаме, и дека кога подеднакво време минуваш на работа колку и со партнерот, подобро е да си вљубен во двајцата. Внучето од канадската државата добива месечен износ наменет за студирање до неговата 18 година. За прва куќа/стан се добиваат долгогодишни поволни кредити, па млад брачен пар не живее во гарсониера под наем. (Можно ли е познаниците на Каракамишева да се единствените „лузери“ кои не можат ни сметките да си ги платат? Не познавам нашинец кој не успеал во рамки на своите способности!

Напротив, се покажуваат како извонредни професионалци, работници или научници). Овде работата ти ја одмилуваат уште на студии, сатисфакција нема на работно место, а често ниту плата. Може да те „шутнат“ ако го расипеш медиокритетскиот стандард кој владее од академската фела, па до секоја друга. Конечно, добро е што колешката забележува дека некои се иселуваат поради дискриминација по основа на сексуална ориентација. Ова е тема за која треба да стави прст на чело, ако тоа не го сторила при физичките атаци врз ЛГБТ популацијата! Никаде нема гаранција за живот од бајки, ама важно е да се избегне државна агонија. Животот е „мешана торба“, и среќен и тажен, но државата не смее да те воспитува и моделира по својот лик (и мит).

Билјана Ванковска

 

Страница 1 од 3

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на