wrapper

Флеш вести

Недела, 10 Април 2016 07:37

Да бидеш и останеш добар човек е најголемиот успех во животот

Често пати си размислувам каков човек сум. Добар или лош? Целиот живот се трудам да направам нешто подобро од она што сум го направил вчера. Гледам да доизградам уште еден кат од мојата идеја, од мојата цел во животот, да одам напред и покрај сите сопки што ми ги прават луѓето, оние кои попатно ќе ги сренам во мојот живот.

 

Штом велам дека сум ги сретнал значи не останале во мојот живот, не ја делеле мојата идеа , мојата цел, моите вредности за животот, љубовта, среќата, семејството... Биле во животов и поминале, јас продолжувам понатаму.

Кога Бог ти е патоказ не се плашете, одите по вистинскиот пат. Така и јас со божја светлина по патот свој одам неправејќи штета и зло никому. Помогни ако можеш ако не тргни се на страна и не им пречи на луѓето. Но не мислат сите така. Голем дел од луѓето се пакосни, злобни, ситничари, мрзливи, завидливи... Тие едноставно се луѓе со мала, ситна душа. Тие се негативци кои се хранат од големината на оние кои се успешни и се покрај нив. Без нив би пропаднале многу одамна.

Но ете така светот функцинира. Штета што се нема повисока свест кај повеќето па да зборуваме за повисоки цели на човекот, на човештвото генерално. Можеби ќе останам неразбран но иднината ќе покаже што сум мислел. И покрај многуте изневерувања, искористувања на мојата човечност јас сепак одлучив да останам ЧОВЕК, хумана личност која ќе остава позитивен белег на околината, на светот околу мене.

Моите дела говорат за мојот живот, за мене. Што говори за вас? Секој треба ова да си се запраша. Одговорот ќе ви даде решение за тоа каква личност сте. Сакам уште еднаш да повторам она што одамна еднаш го напишав а е во врска со меѓучовечките односи.

Им благодарам на сите кои ме лажеа – ми ја покажаа вредноста на вистината. Им благодарам на сите кои не веруваа во мене – ми дадоа сила да можам да поместам и цела планина. Им благодарам на сите кои ме изневерија и кои ги злоупотребија моите чувства – направија да се разбудам. Им благодарам на сите кои ме повредија – ме научија да ја победам болката. Им благодарам на сите кои ме искористија и прелажаа – ме научија да останам ладен. Им благодарам на сите кои ме заборавија – ме научија да најдам сила во самотијата. Им благодарам на сите кои ме потценија – ми ги покажаа моите силни страни и мојата издржливост. Им благодарам на сите што ги исмеваа моите цели – ме направија уште поамбициозен. Им благодарам на сите кои ја изневерија мојата доверба – ме направија повнимателен. Им благодарам на сите кои се нарекуваа пријатели и кои никогаш не беа вистински пријатели – ми покажаа што не треба никогаш да направи еден пријател.

И на крајот да завршам со она како започнав... добар или лош? Јас со задоволство сум докажал безброј пати дека сум добар човек. Тоа е мојата цел, мое задоволство, моја сила за да одам понатаму. Со Бога напред, со ум и разум се гледаме во нови битки каде јас останувам истиот оној како и до сега а од вас зависи која страна ќе ја одберете во вековната животна битка меѓу доброто и лошото.

Д.А.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на