wrapper

Флеш вести

Среда, 18 Мај 2016 20:01

ПАТРИОТИЗАМ

Кога државата и народот е во некаква турбуленција тогаш најчесто изговаран збор е токму овој - ПАТРИОТИЗАМ. Што подразбира овој збор? Кој го изговара и за кои цели? Што значи да бидеш искрен патриот и да спроведуваш патриотизам? 
Знаете како тоа го подразбираат нашите политичари а како големите умови?
Ви предлагаме да прочитате неколку мисли на познати лидери на оваа тема.
 

Родољубивост (или патриотизам) — поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „татковината“ (латински: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или град, но родољубивоста вообичаено се однесува на народ или нација или држава. Родољубивоста подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата. Родољубивоста е тесноповрзана (иако воопшто не истоветна на) со национализмот и често се користи како негов синоним. Строго кажано, национализмот е идеологија, но често се разбира како посакуван и соодветен родољубив став (и националистичките политички движења и родољубивоста можат да бидат непријателски настроени спрема туѓите татковини).

Родољубивоста има етичка конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијатапред личните интереси или интересите на одредена група или партија. За време на војна, жртвата може да прерасне и до пожртвување на сопствениот живот. Смрт во битка за татковината е коренит тип на крајна родољубивост.

 
Овие вистински изреки за патриотизмот кој се кажани од познати светски личности можеби ќе им помогнат на оние МАКЕДОНЦИ кои незнаат што е ВИСТИНСКИ ПАТРИОТИЗАМ и што значи вистински да е сакаш својата земја:
 
1.Да кажеш дека треба да се биде со претседателот, сеедно дали е во право или не, не е само непатриотски и слугински, туку е морално предавство на американската јавност - Теодор Рузвелт
 
2. Ќе се борам за мојата земја, но нема да лажам поради неа. Зора Нил Харсон
 
3. Кога целата нација громи ’Патриотизам’, јас повеќе сакам да ја истражувам чистота на нејзините раце… Вилијам Ралф Инге
 
4. Ја сакам Америка повеќе од било која земја на Светот. И токму од тие причини инсистирам на правото да ја критикувам постојано. Џејмс А. Болдвин
 
5. Секој човек за себе мора да одлучи што е добро а што лошо, кој правец е патриотски, акој не е. Не можеш да се извлекуваш од тоа, а да бидеш човек. Да одлучи спротивно на своите убедувања значи да бидеш предавник, на себе си и на својата земја. Марк Твен 6.Не трба да бидеш толку заслепен од патриотизмот за да не можеш да се соочиш со реалноста. Она што е погрешно, погрешно е, без оглед на тоа кој го кажува. Малком Икс
 
7. Нацијата е поделена, половина патриоти, половина предавници. И никој не може да каже кој е што. Марк Твен
 
8. Вистинскиот патриотизам мрази неправда во својата земја повеќе отколку каде и да е. Кларенс Дероу  
 
 
9. Патриотизмот е последното прибежиште на неранимајковците. Семјуел Џонсон