wrapper

Флеш вести

Сабота, 21 Мај 2016 17:52

Огинар: За националните вредности

Како Потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес јавно се оградувам од некои ставови на Претседателот на Конгресот Тодор Петров.После се што се случува во Македонија, да тврдиш упорно,тврдоглаво и неосновано, како што тоа тој го прави, дека "Македонија е независна суверена и демократска држава" значи да живееш во свет на Утопија во која го сонуваш детскиот сон за она што го посакуваш да биде , но за жал не е!

 

За мене лично ова е дотолку поболно што ваквите негови ставови се знак на крајно отсатво на здраво расудување неопходно за Претседател на една угледна организација каква што треба да биде СМК. Не се сомневам во патриотизмот на Тодор Петров но имам сериозни забелешки за неговата неспремност, или неспособност да ги види работите такви какви што се а не такви какви што посакуваме да бидат поради причини и мотиви за кои знае само тој.

Да бидеш слеп, глув, и нем додека Македонската држава не функционира преку ниедна институција, да премолчуваш кршење на устав и закони, да останеш рамнодушен додека цела западна Македонија е незаконски албанизирана, да премолчно одобруваш криминал на власта од колосални размери, да зборуваш за Независност, демократија и сувереност додека странски посредници секој ден диктираат што и како треба да се прави во Македонија , да гледаш како Претседател,Премиер,Лидери на партии и пратеници послушно го виткаат р'бетот пред наредбите на меѓународнитот фактор ,и после сето тоа да зборуваш за "Независност Сувереност и Демократија" мора да си циник од посебна категорија, а цинизмот , според зборовите на Британскиот Филозоф и Теолог , Самјуел Џонсон е " Последниот збег на неранимајкото!" За угледот на СМК се работи !

За угледот на Македонија се работи! За вистинската Независност , Демократија и Достоинство на Македонскиот народ се работи! Македонија била и ќе биде , но за вистински Независна ,Суверена и Демократска Македонија ќе треба да се избориме со поинакви луѓе и со многу повеќе вплотеност и завземање на целиот Македонски народ во еден заеднички систем на Национални вредности!

Нестор Огинар